Ангелу мој, ти си ми сè…: Се огласи девојката на младиот пејач, два дена по неговата смрт

4554

Светот е во шок од веста за трагичната смрт на поранешниот член на One Direction, Лијам Пејн. Музичарот паднал од третиот кат на хотел во главниот град на Аргентина и починал на лице место. Лиам во Аргентина останал две недели, а друштво му правела девојката Кејт Кесиди до два дена пред неговата смрт.

Кејт си заминала за Флорида каде што живее, а само два дена подоцна се случила страшната трагедија. Два дена по смртта на пејачот, Кејт се огласи на Инстаграм и им се заблагодари на сите „за сите убави зборови и љубов што ѝ беа испратени“.

Таа ги изрази своите најдлабоки емоции, тврдејќи дека е „во целосна загуба“ и дека ќе го сака до крајот на животот – „Бев целосно изгубена. Ништо во изминатите неколку дена не ми беше реално“, напиша таа и продолжи: „Барам и се молам да ми дадете простор сама да се борам со ова“.

Својата порака ја заврши со директно обраќање на своето момче со кое била две години, пишувајќи: „Лијам, ангелу мој. Ти си ми сè. Сакам да знаеш дека те сакав безусловно и целосно. Ќе продолжам да те сакам до крајот на мојот живот, те сакам Лиам“.

претходниот член,Докторот Нико по 32 години работа си замина од Македонија, но пак е помеѓу Македонци
Следната статија(ФОТО) Лила Филиповска по долги години се врати во родното место – се нагости со мотани сарми