Во последниов период на социјалните мрежи се споделуваа многу различни информации за вложување пари во интернет апликациите како Конти и слични.
Додека едни уверуваат дека овие апликации се одличен извор за брза заработка, други се жалат на измама и губење многу пари.
Претприемачот и инвеститор Зоран Витанов на социјалните мрежи се огласи со свое видување околу оваа, како што многумина ја нарекуваат, „пирамидална измама“.
– Мојот искрен одговор е дека CONTI е ПИРАМИДА, исто како OneCoin, исто како некоја си GPT (која треба дa асоцира нa CHAT GPT) и допрва ќе се појавуваат нови пирамиди!
ВНИМАВАЈТЕ: ние постоиме 22 години, во 58 држави, сите НЈАГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО СВЕТОТ НИ СЕ ПАРТНЕРИ! Апелирам да не се лажете по брзи пари!!!, напиша Витанов.