Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи

190

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20187 и е намален за 10. 1 % во однос на претходната година.

Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10640 или 52. 7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество вовкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица. Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари (1976). Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72. 1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски полили за 4. 4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифраC00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7. 2 %, болестите нареспираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.

Претходна вестАпел за помош на семејството Богановски од Јурумлери чиј дом изгоре во пожар
Следна вестМЕПСО со предупредување до земјоделцитe