ДКСК ќе бара одговорност од Демири – незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и Кардиохирурхија

146

Министерот за здравство Илир Демири незаконски ги разрешил медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија Данил Петровски и директорот на државната Кардиохирургија Марјан Шокаровски.

Ова е денешната оценка на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), кои ги прифатија како неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија, најавувајќи дека до надлежните органи ќе покренат иницијатива за одговорност на министерот за здравство Илир Демири.

Антикорупциската комисија констатирала дека со двете одлуки на министерот за здравство, Демири се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита, како и дека е повреден Изборниот законик, со оглед дека директорите биле разрешени со решенија донесени на 14 мај и 27 мај, пред усвојување на заклучокот за завршување на парламентарните избори од 30 мај 2024 година.

Според антикорупционерите, за двете разрешувања не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата, односно, како што велат од ДКСК, требало да има предлози за разрешување од Управните одбори до Здравствените совети на двете клиники.

Како што посочила Цвета Ристова, член на ДКСК причина за разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за Токсикологија била поради несовесно постапување и заради непродолжување на договорите на дело на 18 лица на клиниката.

Договорите на дело за 11 лица, според неа, се склучени спротивно на член 109 став 2 од Законот за здравствена заштита, каде, како штои рече, е наведено дека актите и финасиските документи се во заедничка надлежност на двајцата директори, кои треба заедно да ги потпишат, а во случајот биле потпишани само од организацискиот директор.

Претходна вестКостадиновски најавува преноси во живо од Уставниот суд
Следна вестЗемјоделци и сточари со пари од ЕУ ќе купуваат дронови и роботи за помодерно земјоделство