Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси Нетанјаху

149

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него.

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде изјави дека Норвешка ќе мора да го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница, пренесе Ал Џезира.

Ејде за норвешката ТВ 2 изјави дека, врз основа на меѓународното право, Норвешка е должна да го уапси Нетанјаху и лидерите на Хамас и дека тоа важи за сите земји во Европа, освен за Турција.

претходниот член,До 2050 година животниот век ќе се зголеми за 5 години
Следната статијаВладата ја одржа 22 седница