Силјановска-Давкова: Нема да патувам во Брисел ниту во светот освен ако не ме викнат

5534

Гордана Силјановска Давкова денеска изјави дека ќе се залага за развој на цврсти врски со соседните земји.

„Една од моите први изјави беше дека јас нема да патувам, ниту во Брисел, ниту во светот, освен ако не ме викнат. Туку, првите средби би сакал да ги имам со соседите. Ние мораме да градиме регионална политика. Само така и во ЕУ ќе бидеме посилни“, рече Силјановска Давкова.

Таа упати критика за ветото од Бугарија за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Не можам да не кажам дека ветото не го сметам за инструмент на градење пријателство и добрососедство. Очекувам Бугарија, бидејќи е во ЕУ, да го следи моделот на Шведска, Данска, Финска, кои беа главните поддржувачи на Летонија и Естонија“, посочи Силјановска Давкова.

Претходна вестОколу 51.000 лица не гласале на претседателските избори до 13 часот
Следна вестМемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни и го избраа својот нов претседател