Не е добро: Израел со ракети го нападна Иран

206

Израел изврши напад во Иран. Иранските системи за противвоздушна одбрана беа активирани на неколку локации откако се слушнаа експлозии во близина на аеродром и воена база во провинцијата Исфахан. Израел не ја презеде одговорноста за нападот.

Три експлозии се слушнале во близина на воена база во која се сместени борбени авиони во северозападниот дел на Исфахан, објави иранската полуофицијална новинска агенција ФАРС. „Одбраната е активирана како одговор на непознат објект, а во овој случај веројатно станува збор за дрон“, изјавија извори за FARS news. По нападот, иранските медиуми објавија дека сите објекти околу Исфахан се безбедни, вклучително и значајни нуклеарни објекти во областа.

Претходна вестСпасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра
Следна вестПендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг