МТСП: 24 април и 8 мај се неработни денови за сите граѓани

170

Земајќи го во предвид Решението за распишување на избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), Министерството за труд и социјална политика информира дека по донесената одлука на 14та владина седница – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се прогласени за неработни денови за сите граѓани!

Како министерство препорачуваме до сите институции и работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија да ги спроведат заклучоците од Владата за неработните денови со цел секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во којашто е регистриран.

претходниот член,Вечерва многумина нема да спијат: Фуркан Салиу објави видео од моментот кога беше уапсен – ова никој не го знаеше
Следната статијаИзгоре дел од Универзална сала, приведени три лица, две жени завршија на токсикологија