МОНСТРУМИ: Братот и таткото на еден од осомничените глумеа дека се во шок – а тие помогнале да го пренесат телото

192

Радослав (73) и Далибор Драгијевиќ (40), таткото и братот на еден од осомничените за тешкото убиство на Данка Илиќ (2) – Дејан Драгијевиќ (50), се уапсени под сомнение дека му помогнале да го премести телото на девојчето од депонија кај Бањско поле до непозната локација на територија на град Бор.

Според Министерството за внатрешни работи на Србија, најверојатно во четвртокот, на 28 март, „извршиле кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на делото“.

Да потсетиме, Курир.рс претходните денови разговараше и со Радослав и со Далибор.

Далибор завчера тврдеше дека е во шок поради се што му се случува на неговиот брат, велејќи:

„Мојот брат од вчера е во полиција. Го одведоа од дома, но не знам ништо, никој ништо не ни кажува! Се надевам и се молам бога да не стои зад ова. Чекаме информации “.

Вчера и Радослав се правеше изненаден.

„Не знам што друго да кажам, сосема сум изненаден што ни се случи ова. Згора на тоа, јас сум срцев пациент, брзата помош дојде да ми помогне мене и на мојата сопруга, а утрово ми го земаа и вториот син да се прегледа. Ние сега ништо уште не знаеме, ако е виновен тогаш треба да одговара, полицијата нека си ја заврши работата, јас ништо не знам“, ни изјави таткото на осомничениот Дејан, додавајќи дека воопшто не може да се сети поради стресот низ кој поминувал, кога воопшто го уапсиле синот.

„Не можам да се сетам кој ден го одведоа, во лоша здравствена состојба сме, не сум во ред, знам дека полицијата дошла на имотот, но тука не нашле ништо. И не можев да знам дека нешто чудно се случува со Дејан, деновиве не разговаравме за ништо, тој само отиде на работа и се врати и не забележав дека се однесува поинаку“, изјави Радослав, по што тој ни кажа и дека Дејан имал здравствени проблеми, односно како што вели „лани во ова време доживеал инфаркт“.

Инаку, Дејан дели двор со брат му Далибор во селото Злот, каде што живеат и нивните родители. Дејан не е оженет, живее со нив, а мештаните велат дека никогаш не слушнале лош збор за тоа семејство, па биле целосно шокирани од ова.

Да потсетиме, Дејан Драгијевиќ призна дека со голи раце ја удавил малата Данка.

Претходна вестПРИВЕДЕНИ таткото и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ, потрагата по телото продолжува
Следна вестВМРО-ДПМНЕ вели дека на 1м2 се собира по еден Маричиќ, во Македонија има 500.00 Македонци кои имаат проблем со дебелината – ги навредија сите