Лукаревска: Најдобрата анкета ќе ја имаме прво на 24 април, а после на 8 мај

221

Зборувајќи за анкетите што се пласираат во јавноста, заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во емисијата Трилинг кажа дека во многу изборни циклуси наназад се покажало дека прогнозите од анкетите не соодведствувале со изборните резултати.

„Ако зборуваме за анкети, бројки и рејтинзи, главната анкета ќе ја имаме прво на 24 април а после и на 8 мај, како што сум била сведок и на други избори, многу пати анкетите не соодветствувале со конечниот резултат што сме го имале на изборите“ порача Лукаревска.

Таа истакна дека СДСМ ја вратил слободата во државата и дека покрај кризите, партијата за време на нејзиното владеење успеала да оствари клучни ветувања.

„Горда сум што ја вративме слободата, слободата не треба да биде ничиј плен за победа на изборите, ниту сега ниту претходно. Слободата е мајка на сите човекови права и затоа не треба да зборавиме како ја перцепираа слободата тогаш одредени политички партии и како после 2016-2017 година граѓаните можеа слободно да живеат да критикуваат, да зборуваат. Некои активности оделе побавно но имало одлучностПоголем дел од граѓаните замеруваат во делот на владеењето на правото. Ние бевме премногу посветени на европската агенда, премногу посветени на она што денеска е реалност и сме земја членка на НАТО и тоа беше нашиот главен фокус. Владеевме во период кога имаше многу кризи, тоа не е опавдување но покажавме дека и во такво кризно време да ги менаџираме процесите. Порано имавме заробено судство во заробена држава. Ги слушаме препораките од сите меѓунардони фактори за она што значи реформа во судството, за она што значи имплементирање и ставање на пиедестал владеење на правото“ порача Лукаревска.

Претходна вестДраматична полициска потера на Бит Пазар заврши со апсење и заплена на огнено оружје
Следна вестПРИВЕДЕНИ таткото и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ, потрагата по телото продолжува