„Го виде ли ова во Виена, се извлековме“ – е пораката која ги откри извршителите на грозоморното убиство на малата Данка

396

Двајцата жители на околината на Бор, се осомничени за убиството на малата Данка Илиќ (2), која со денови ја бараше цела Србија, регионот и дел од европските земји, надевајќи се на чудо и среќен крај. Прво ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од возилото и наводно, според неофицијални информации на српските медиуми, го задавил детето кое лежело на патот и плачело.

Многу брзо по исчезнувањето на малата Данка двајцата се приведени и сослушани во рамки на истрагата и тврделе дека немаат никаква врска со исчезнувањето на девојчето.

Но, на полицијата и биле многу сомнителни, па упорно ја продолжувале истрагата и во таа насока.

Клучниот момент беше објавувањето на видеото од Виена, кога двајцата си размениле порака „Го виде ли ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата.

Претходна вестЕдниот разведен, другиот по чашката: Еве кои се убијците на Данка
Следна вест„Пишуваа се и сешто за родителите на Данка, дека ја убиле, киднапирале и што уште не“: Дали сега се каат?!