Укинат патничкиот воз кој наутро поаѓаше од Скопје за Гегвелија, а попладне се враќаше

280

Од минатата среда (27 март), укинат е патничкиот воз кој наутро поаѓаше од Скопје за Гегвелија, а попладне се враќаше. Во соопштението објавено на веб страната на АД МЖ Транспорт нема детали зошто возот е укинат, ниту дали и кога може да се очекува повторно да сообраќа.

„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација Скопје – Гевгелија – Скопје дека од ден 27 март, до следно известување нема да сообраќаат патничкиот воз бр. 611 кој поаѓа од Скопје во 06.23 часот и воз бр. 632 кој поаѓа од Гевгелија во 17.02 часот“, пишува во соопштението.

За Гевгелија останува да вози единствениот патничкиот воз кој од Скопје тргнува во 16.55 а од Гевгелија во 4.40 часот. На оваа релација сообраќаа два пара патнички возови, и двата електрични.

Претходна вестИнцидент во автобус во Скопје: Возачот туркал млада девојка
Следна вестНови проблеми: Паднаа Инстаграм и Ватс Ап