Кривична одговорност и грнаицата на Романија и србија – ова го пребарувала мајката на Данка неколку денови пред исчезнувањето

264

Српските медиуми јавуваат дека пристигнале резултатите од вештачењето на мобилниот телефон на мајката на исчезнатата Данка Илиќ.

Како што пренесува Информер, а повикувајќи се на други медиуми, откриено е дека Ивана Илиќ на Гугл пребарувала за граничниот премин меѓу Србија и Романија непосредно пред исчезнувањето на детето.

„Однесувањето на мајката е многу чудно и она што го барала на компјутерот и телефонот непосредно пред да исчезне. На Гугл го барала граничниот премин Кладово – Турну-Северин”, изјави главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ. , а објавија и други медиуми.

Исто така, мајката на детето гуглала и кривична одговорност колку изнесува за одредени кривични дела, тврди Информер.

Вучиќевиќ сепак изнесе уште една информација. „Сите треба да знаеме дека полицијата прави се за да не биде пронајдена малата Данка. Две три недели пред нејзиното исчезнување родителите ја однеле на специјалистички преглед во Белград. За каков преглед се работи и каков точно беше околу, не можам сега да кажам поради истрагата“, рече тој.

Потсетуваме, потрагата по двегодишното девојче Данко Илиќ (2) од Бор, кое исчезна во вторникот на 26 март во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље, влезе во осми ден, но за жал таму се уште нема јасни информации за судбината на детето.

Претходна вестСЕРИОЗНО Е: По Скопје и Куманово прогласи епидемија на пертусис
Следна вестУБАВИНИ: Нов директен лет од Скопје до островот Крф од јуни