Во Вишиот суд во Белград, родителите на жртвите од масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ му поставија прашања на таткото на момчето убиец.
Во Вишиот суд во Белград продолжи судскиот процес во кривичната постапка за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, каде таткото на момчето убиец, кое на 3 мај минатата година уби 10 лица, од 9 ученици и училиштниот чувар, одговараше на прашања од родителите на жртвите. Кривичниот процес е затворен за јавноста.
„Воспитан сум, израснав во угледно семејство. Жал ми е за тоа што се случи, но сметам дека не сум виновен, јас не го направив тоа“, рече тој.
Родители му поставувале прашања, а тој на секое одговарал. Скоро сите родители му го поставиле истото прашање.
„Тој на денешното судење одговори на прашањата што прв пат имаа можност да му ги постават родителите на убиените деца, бидејќи пред претходното судење судот пресуди дека тие имаат статус на оштетни, но не и на сведоци, и дека можат да ја следи неговата одбрана од судницата и да учествуваат во постапката. Речиси сите родители го имаа истото прашање – Дали се чувствува виновен за она што го направил неговиот син тој ден, кога вооружен со двата пиштола на татко му кои претходно ги зел од ранецот во кој ги чувал, дошол на училиште и го убил чуварот, а потоа и другите врсници?“, открива информираниот извор.