ШТО КРИЈАТ РОДИТЕЛИТЕ: Истрагата на полицијата се насочи кон мајката и таткото на малата Данка – ова се деталите

299

По опсежната потрага на реонот во кој учествуваа повеќе од 1.000 луѓе, исчезнатото девојче Данка Илиќ не беше пронајдено. Затоа, фокусот на истрагата, согласно вообичаената полициска практика, беше префрлен на семејните контакти на таткото и мајката на Данка Илиќ. Мајката на Ивана Илиќ е од посебно значење во истрагата, бидејќи таа била единствена со децата во моментот на исчезнувањето и практично последна ја видела својата ќерка пред исчезнувањето.

Сега се е насочено кон родителите, се проверуваат нивните контакти, телефони, веројатно некој од најблиското семејство ќе мора да направи полиграф. Полицијата и сите вклучени во истрагата детално го испитале теренот, па сега фокусот се проширува – изјави за Република поранешниот шеф на УКП Миле Новаковиќ.

-Се проверува кој ја поминал границата со дете, на сите треба да се внимава – рече тој

Мајка ретко одела во куќата во Бањско поле

Ивана Илиќ (25), мајка на Данка Илиќ, осум години е во врска со сегашниот сопруг Милош Илиќ (30). Имаат постар син и помала ќерка Данка, која во мај ќе наполни 2 години. Ивана е бремена, поради што не можеше да биде ставена на полиграф. Родена и израсната во Брестовац, приградска населба на половина пат помеѓу Бањско поле и Бор, Ивана учела основно училиште во Брестовац, додека средното машинско и електротехничко училиште го завршила во Бор.

Таа со години живеела на релација Бањско поле – Брестовац. Во детството, од пролет до есен, времето го поминувала во Бањско поле, токму во куќата до која во вторникот исчезна нејзината ќерка Данка. Зимите ги поминувала во семејната куќа во Брестовац.

Младоста ја поминала во куќата со својот дедо, татко и брат, откако мајка и починала пред да започне средно училиште. По раѓањето на девојчето таа не доаѓала често во Бањско поле, велат соседите.

Ивана и Милош пред околу година и половина се преселиле во Бор, каде истиот ден ја организирале свадбата и крштевката на синот. Сега живеат во трисобен стан на родителите на Милош.

Соседите од Бор ги опишуваат Ивана и Милош како посветени родители кои често шетаат со децата – момчето за рака, девојчето во количка. Профилите на Ивана и Милош на социјалните мрежи ја потврдуваат оваа слика, а децата се секогаш убаво облечени, никогаш занемарени. Соседите велат и дека родителите на Милош неодамна се иселиле од станот во кој живееле заедно, но не ја знаат причината.

Претходна вестЛукаревска: Сме носеле одлуки и по цена на рејтингот на СДСМ, само за доброто на државата
Следна вестОФИЦИЈАЛНО: Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара