Приведен арамија од Кочани кој признал седум кривични дела и вратил дел од украдените предмети

206

По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба” и две „тешка кражба” на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани.

Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вест(ВИДЕО) МОРБИДНИ СЦЕНИ: Родителите на Данка повторно во полиција, се прекопува во близина на куќата
Следна вестДвегодишно дете без вода може до три, а без храна до пет дена: најголемите опасности кога исчезнува малолетник