ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МЛАДИТЕ: 19-годишник уби тројца членови на семејството, хорор во Германија

249

19-годишен маж со нож ги убил братот и родителите и тешко ја повредил својата сестра во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти во средата јавното обвинителство на сојузната покраина Баден-Виртемберг.

19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. Таа наводно се здобила со тешки убодни рани, но нејзиниот живот не е во опасност.

Инцидентот се случил во вторникот вечерта, соопштија во средата полицијата и државното правобранителство. Осомничениот е уапсен.

Според полициското соопштение, целото семејство живеело во куќата во која се случил масакрот. Убиецот има германско и италијанско државјанство. Мотивот за нападот се уште е нејасен.

Според информациите од државното правобранителство, 19-годишникот се товари за тројно убиство без умисла и еден обид за убиство, а во текот на денот треба да биде изведен пред судија кој треба да одреди мерка притвор.

Во истата област, пред два месеци, 32-годишен син ги убил своите родители, а на крајот и себеси.

претходниот член,Нови детали за потрагата по 2- годишното девојче во Србија: Се вклучија и форензичари
Следната статијаСКАНДАЛОЗНА РАСПРАВИЈА ВО „ЅГ“: Саша Поповиќ шокиран од безобразието на младиот пејач – „можам да бидам поголема ѕвезда од 10 ваши финалисти!“