ЛОШИ ВЕСТИ ОД РУСИЈА: Расте бројот на загинати – нови детали од несреќата

227

Бројот на загинатите во терористичкиот напад од петокот вечерта во концертната сала „Крокус Сити Хол“ близу Москва се зголеми на 137 луѓе, од кои три се деца, соопшти во неделата рускиот Истражен комитет.

„До моментов на местото на терористичкиот напад се пронајдени телата на 137 лица… Увидот на местото на злосторството продолжува. До денеска идентификувани се 62 тела. Се спроведуваат генетски истражувања за утврдување на идентитетот на преостанатите жртви“, се додава во соопштението.

Според Министерството за здравство на Подмосковје (регионот на Москва), бројот на настраданите достигна 180 луѓе. Во болниците се хоспитализирани 142 ранети, од кои 32 лица веќе се отпишани, 38 се на амбулантна нега, девет на болничко лекување.

Истражниот комитет известува, исто така, дека продолжува истрагата и сослушувањето на четворицата осомничени како директни извршители на нападот, според снимките коишто самите ги направиле и откриени во нивните мобилни телефони.

Од местото на нападот биле подигнати четири комплети боева муниција, два автомати „Калашников“, над 500 куршуми и 28 рамки за автоматски пушки. Покрај тоа, при апсењето на терористите во Брјанската област, во шума на стотина километри од границата со Украина, во автомобилот „Рено“ со кој побегнале од местото на нападот, бил пронајден и пиштол „Макаров“ и рамка за автомат „Калашников“. Истражниот комитет, исто така, додава дека во комплексот „Кокус“ не се откриени експлозивни направи или траги од минирање.

Во петокот вечерта пред почеток на концерт во преполната сала „Крокус Сити Хол“ во московското предградие Красногорск, најмалку четворица тешко вооружени напаѓачи во маскирни униформи и со откриени лица неселективно отворија оган врз масата, подметнувајќи истовремено пожар на таванот на комплексот.

Во саботата рано утрото, директорот на руското внатрешно разузнавање ФСБ, Александар Бортников, извести дека во врска со терористичкиот напад уапсени се вкупно 11 лица, меѓу кои и четворицата директни извршители.

Според разузнавањето, четворицата осомничени биле спречени во бегството да ја минат границата со Украина, а според првичните искази во сослушувањето имале контакти „со некој на украинската страна“. Во нападот користеле оружје коешто од контактот им било оставено во однапред подготвен бункер, а за нападот им биле ветени околу 9.500 евра, од кои половината требало да им бидат исплатени по нападот. Руските безбедносни служби наведуваат дека се истражуваат

За нападот одговорноста ја презема Исламската држава, но Москва изрази големо сомневање во веродостојноста на оваа објава, и посочува на фактот што некои од терористите влегле од украинска територија и по нападот се упатиле повторно кон украинската граница. САД и Киев веднаш исклучија секаква украинска поврзаност со нападот.

Четворицата од терористите се од таџикистанско потекло и не се руски државјани, а еден од нив за кој се смета дека бил водач на групата претходно престојувал во Турција каде бил контактиран од наводно некој „проповедник“. Од снимките е видливо дека само еден од уапсените говори лош руски јазик, додека другите одговараат преку преведувач.

Рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до нацијата рече дека земјата се соочиле не само со „внимателно и цинично планиран“ терористички напад, туку и со „подготвено и организирано“ масовно убиство на цивили.

Вашингтон повтори дека две седмици претходно јавно предупредил за можни напади во Москва околу 7-ми март, особено на концерт. Руските служби наведуваат дека тие објави не содржеле никакви конкретни податоци и не потврдуваат дека од американските служби добиле информација, додека руската амбасада во Вашингтон објави дека не добила никакви информации по дипломатски канали. Тие денови, во кавкаската мнозинска муслиманска република Ингушетија руските безбедносни служби ликвидираа вооружени исламистички милитанти, а бил спречен терористички напад врз синагога во Москва. Според некои непотврдени информации, напад требало да биде изведен на концерт на познат руски пејач Шаман, исто така, во „Крокус Сити Хол“, две седмици пред нападот на концертот на рок-бендот, но не е јасно дали тој бил спречен.

претходниот член,ХОРОР СНИМКИ: Четири лица загинаа на рели трка во Унгарија, меѓу нив и девојче (ВИДЕО)
Следната статијаАрхиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство до рускиот патријарх г.г. Кирил