МНОГУ НОВИТЕТИ: СДСМ ги најави 10-те столбови на кои ќе се темели новата изборна програма

209

Ова е планот на СДСМ за европска иднина на Македонија!

На денешниот 28 Конгрес на СДСМ ги презентира основните постулати на нашата победничка изборна програма:

1️⃣ ЕВРОПСКИ ПЛАТИ И ЖИВОТЕН СТАНДАРД!

Во наредните четири години просечната плата ќе достигне 1.100 евра, а минималната плата 600 евра.

2️⃣ ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ!

Во 2028 год. минималната пензија ќе биде 20.000 ден., а просечната 30.000 ден. Од оваа година ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер.

3️⃣ ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ!

По 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.

4️⃣ СИЛНА ДОМАШНА ЕКОНОМИЈА!

180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.

5️⃣ МОДЕРНА ЕВРОПСКА ИНФРАСТРУКТУРА!

Ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 км изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 км патишта.

6️⃣ ЕВРОПСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО!

Субвенции и поддршка за земјоделците од 750 милиони евра! До 2028 год. проектираме Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!

7️⃣ ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ!

Гарантираме безбедност и сигурност за учениците. Бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина!

8️⃣ ЧИСТА ЕНЕРГИЈА И ПОЕВТИНА СТРУЈА!

Зголемување на домашното производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 год.
Енергетска независност со која ќе ги задоволуваме 100% од сопствените потреби. Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата.

9️⃣ ПОВЕЌЕ ЕУ ФОНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА!

Со отворање на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија.
Повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, реновирање јавни објекти, модернизирање на училишта. Повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ.

1️⃣0️⃣ ЗАЕДНО ВО ЕВРОПА!

Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година.

Нема откажување од иднината!

Претходна вест(ВИДЕО) Предложена награда за мажот кој разоружил терористот во текот на нападот во Москва
Следна вестЛОШО ВРЕМЕ: Од утре вечер дожд и повремени грмежи, кои ќе продолжат и идната недела