Тошковски потврди дека обезбедувач на Мицкоски нападнал друг полицаец – се огласиј и од ВМРО-ДПМНЕ, познато е што ќе сторат тие

273

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски бара од надлежните институции и служби целосно да го расчистат случајот, во кој член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски нападнал полицаец во една кафеана, а потоа бил уапсен.

-Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, сакам да ја известам јавноста дека најостро осудувам секаков вид на насилство, а особено кога истото е сторено од страна на вработени во министерството за внатрешни работи. За наведниот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарав да се постапи максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури, сè со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста, порача Тошковски.

Претходно, со осуда за инцидентот се јави и партијата ВМРО-ДПМНЕ од каде кажаа дека лицето кое било инволвирано во синоќешниот инцидент, ќе биде отсрането од обезбедувањето на лидерот Христијан Мицкоски и дека нема да има никакви работни ангажмани поврзани со претсдателот на партијата.

-Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. Бараме органите, без заддршка да ги превземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестШефот на обезбедувањето на Мицкоски нападнал колега полициски службеник пред угостителски објект
Следна вестБРУТАЛНО НАСИЛСТВО: Маж (29) пцуел, навредувал и удрил девојка во глава – веста ги вознемири сите, најмногу жителите на градот Земун