Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ после долго време се појави во јавноста. Таа буквално си ја отвори душата, зборувајќи јавно за многу досега непознати работи.
Сето ова се случуваше во емисијата „Нешто конкретно“, каде темата беше: Скромна и нескромна стрна.
Гостин таму беше и Зоран Василевски – Фаци, кој изјави дека започнал како скромно момче, но животот и работата која што ја работи го направила нескромен.
„Особено кога го открив канцерот пред две години одлучив да не бидам скромен затоа што еднаш се живее и сега животот го живеам стотка на саат“, изјави тој.
Мелита Ракичевиќ пак истакна дека е особено горда на својата кариера затоа што иако имала можност да добие помош од дома, таа својот бизнис го отворила со сопствени пари. На прашањето дали е скромна, одговори:
„Не можам да кажам дека сум скромна кога пијам скап шампањ“.
Таа од самиот Зоки Фаци во емисијата доби признание дека она е виновникот за неговата успешна кариера.
Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.