Поделени се мислењата за една од најкоментираните маски на Вевчанскиот карневал за 2024 година.
На истата се гледа како повеќе лица носат крстови, кои се направени од гајби за пиво.
Дел од јавноста ја поддржа маската и рече дека нема ништо лошо во тоа, но многу поголем број ја осуди истата.
Еден од најупатените во оваа работа е и новинарот Марјан Николовски, кој напиша:
Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства.
Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението.
МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност.