Вевчани вака никогаш не изгледал: Од лице место траорни моменти – откажана прославата, се огласија и градоначалникот и министерката

336

Доцна синоќа околу 1 часот, во сообраќајна несреќа кај Вевчани загина Милан Мукоски, 20-годишно момче и син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Поради големата трагедија во Вевчани, на многумина не им е до карневал, поради што градоначалникот Спасе Кочовски најави и дека е откажан забавниот дел од Вевчанскиот карневал.

-Во трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, загина млад жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин, изјави Кочовески.

И ако на овој ден речиси и да нема личност која не носи маска, ова утро е поинакво од сите други.

– Утрово маскирано лице не забележавме, не било никогаш вака, рече Кочовески и додаде дека рестораните ќе работат без музика.

Големата трагедија ја потресе и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, која рече дека не го препознава Вевчани во вакво светло и изрази сочувство до фамилијата.

-Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Претходна вестВевчани завиено во црно: Во сообраќајна несреќа загина Милан, најстариот син на Крсто Мукоски
Следна вестДенес Македонија загина 1.000 пати – ваква злоба, ваков злобен народ, ретко да постои