Вакво нешто долго не се памети: Славчо Попоски најавува температури кои ќе ја заледат цела Македонија

276

Сув студ следува во следниот период во Македонија, односно до самиот крај на оваа недела. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

Во петок и во сабота ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец се вели во метео анализата на Славчо Попоски.

Наутро ќе биде многу студено, па така температурите на повеќе места ќе се спуштаат близу -10 степени, а особено за време на викендот тие понекаде ќе се спуштат и под -10 степени. Студено ќе биде и преку ден, што значи дека максималните дневни температури на многу места низ Македонија ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.

Во Скопје и околината исто така очекуваме стабилно, суво и студено време. Во петок и во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -4 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 3 степени вели Славчо Попоски.

Погледнете го видеото од прославата на Јанкулоска со фамилијата за Бадник и Божиќ

претходниот член,(ВИДЕО) После многу години затвор: Гордана Јанкулоска ги славеше Бадник и Божиќ со сопругот и својот мал син
Следната статијаУште еден хорор за оваа земја: Нема крај на лошите вести – пред малку силен ЗЕМЈОТРЕС од 6,3 степени според Рихтер го погоди Авганистан