Германците сложни како никогаш до сега: Државата пред тотален колапс – ништо не функционира, траат ПРОТЕСТИТЕ

172

Илјадници земјоделци во Германија и денеска ќе ги блокираат главните патишта со трактори и ќе стојат пред клучните владини институции.

Поради масовноста, државните служби изразуваат загриженост и овој протест го нарекуваат најголем во повоената историја. Се стравува дека речиси ниту еден дел од државата нема да функционира нормално.

Како што пренесуваат германските медиуми, блокирани се влезовите улиците и сообраќајот е парализиран.

„Билд“ оценува дека денеска не би требало да има големи блокади во сообраќајот, туку дека тоа може да се промени веќе од утре.

Тогаш, според најавата на синдикатот на германските машиновозачи ГДЛ, треба да започне тридневен штрајк на железницата, кој се очекува да трае до петок.

Земјоделците во Германија вчера ги започнаа протестите со 100.000 трактори против укинувањето на земјоделските субвенции за дизелот.

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер истакна дека протестите на земјоделците се „силен демократски сигнал“.

„Земјоделците ги гледам како граѓани кои стануваат и демонстрираат за своите интереси. Ова е силен знак за граѓанска ангажираност“, рече заменик-претседателот на ЦСУ.

Бонус видео – Не е среќен оној кој многу има, туку оној на кој малку му треба

претходниот член,Доаѓа важен гостин: Од денес до сабота посебен сообраќаен режим во Скопје
Следната статијаОд притвор да оди во ДОМАШЕН ПРИТВОР – таткото на Вања, Александар и неговата одбрана со ново барање