Сончево до среда, од четврток промена на времето

103

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 12 и максимална до 33 степени.

До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината, а веќе од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок, врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во деновите од викендот.

Претходна вестИ ова се случи во Македонија: Одбиена кандидатурата за градоначалник – се огласи и самиот тој
Следна вестХристијан Мицкоски денес во посета на Штип