Пелистер со гол во последната секунда се спаси од пораз против Алкалоид

72

Ракометарите на Алкалоид беа на прагот на победа во дербито против шампионот Еурофарм Пелистер. Сепак со голот на Хосни во последната секунда битолчани излегоа нерешено 32:32.

Освен стартното водство 0:1 пелистерци во ниту еден друг момент на натпреварот не успаја да дојдат во предност. Алкалоид ја презеде контролата на играта и во 11.минута имаше и највисоки три гола предност 7:4. Зелено-белите од Битола успеаа да го анулираат поби тоа и во 21.минута да израмнат на 11:11. До крајот на полувремето се играше гол за гол, се на пауза домашниот состав на Алкалоид замина со гол предност 15:14.

По не цели шест минути игра во вториот дел, тимот на Алкалоид имаше и најголема предност од четири голови разлика 19:15. Шампионот пелистер повторно во неколку наврати успеа да намали на гол негатива. Во завршните две минути, домашниот тим имаше и двајца ракометари повеќе, но пелистерци ја одржуваа негативната од еден гол. Во последната минута сините од автокоманда влегоа со предност 33:32. Над 40-тина секунди до крајот по тајмаутот на лазаров домаќините направија грешка во нападот па се отвори шанса за гостите од Битола. Нејзе ја искористи Хосни кој со гол насекаде до крајот извлече реми 32-32 за битолчани.

Претходна вестОбединетото Кралство, Австралија и Канада ја признаа Палестина како суверена држава
Следна вестПолициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина, со хеликоптер