Значително поскапува студентското домување во Германија

Студентите кои бараат стан или соба мора да сметаат на повисоки трошоци за кирија, соопшти Институтот за германска економија. Студентските станови и соби во таканаречените станбени заедници од лани поскапеле за 5,1 отсто.

Анализата на кириите во 38 германски универзитетски градови покажува скок на цените насекаде освен Хајделберг. Најмногу поскапеле становите во Берлин и Лајпциг, за 9,4 и 9,3 отсто, пренесува ДПА.

Репер за општа споредба е цената на стан од 30 квадрати без мебел и други трошоци во близина на некоја високообразовна институција.

Ваков стан најмногу чини во Минхен, со 807 евра, потоа следуваат Берлин со 678 и Франкфурт и Штутгарт со 674 евра. Најевтини се студентските станови во Кемниц и Магдебург, со 263 и 333 евра.

Слично е и со соби од 20 квадрати во станови кои заеднички ги издаваат неколку студенти. Повторно најскап е Минхен со 588 евра, пред Констанц, Хамбург и Франкфурт со 558, 542 и 535 евра.

Движењето на цената на студентските станови ја отсликува општата слика на пазарот. Многумина се откажаа од градење сопствен дом под налетот на поскапувањата и инфлацијата во последните две или три години.

Ова го зголеми притисокот врз пазарот на имот за изнајмување, па дури и се прелеа во типично студентски станови. Во 29 од 38 градови од анализата, недостигот на станови што се нудат се влоши, а тоа ја зголеми цената.

Германскиот институт предупредува дека недостигот на станови е уште еден фактор за влошување на кризата на работната сила во домашната економија и кочница за економскиот раст.

„Странците ќе имаат помала веројатност да дојдат во Германија ако немаат шанса да најдат стан“, напиша експертот за недвижности, Мајкл Фоигтлендер, во предговорот на студијата.

Во финалната пресметка тоа може да влијае на економскиот раст.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Бајден: Меѓународна средба за Украина во Германија

Американскиот претседател, кој денеска го прима украинскиот колега Зеленски во Белата...

Октоберфест: Како да се препознае девојка достапна за додворување?

Октоберфест во Минхен, Германија - можеби најголемиот фестивал на пивото во...

Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест

Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бајден: Меѓународна средба за Украина во Германија

Американскиот претседател, кој денеска го прима украинскиот колега Зеленски во Белата куќа, најави меѓународна конференција за Украина што ќе се одржи во октомври во Германија. Американскиот претседател Џо Бајден најави одржување состанок на високо ниво за Украина, кој ќе се одржи во Германија во октомври. На состанокот на...

Боцвана гневна на Германија поради ограничувањето на увозот, се заканува со отстрел на слоновите

Во четвртокот, по спорот со Германија околу можните ограничувања за увоз на ловечки трофеи, Боцвана објави план за отстрел на 20.000 слонови. „Како што знаете, во април оваа година, со сета почит, Боцвана ѝ понуди на Германија 20.000 слонови, но досега не добивме никаков одговор од германската влада“,...

Октоберфест: Како да се препознае девојка достапна за додворување?

Октоберфест во Минхен, Германија - можеби најголемиот фестивал на пивото во светот, до 6 октомври се очекува да го посетат околу шест милиони луѓе. Девојките на настанот обично се во традиционални баварски народни носии, но во малку пократка варијанта, заради поголемо внимание и на „Тикток“, меѓу другото. И...

Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест

Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, најстарата пиварница во светот, има тајна: тој навистина сака пиво без алкохол, објави АП. Тој вели дека ужива во безалкохолно пиво кога работи или на пауза за...

(ВИДЕО) Шварценегер диригираше со оркестарот на „Октоберфест“ во Минхен

Во Минхен, Германија се одржува „Октоберфест“ – можеби најпознатиот фестивал на пивото во светот. И годинава, милиони посетители не ѝ одолеаја на приликата за повеќедневната забава со традиција долга повеќе од два века, па тука е и легендарниот „Терминатор“. Арнолд Шварценегер, инаку Австриец по потекло, повторно диригираше со...

Екслозија во кафуле во Келн

Две лица се полесно повредени во експлозија што се случила во кафуле во Келн, Германија. Иако полицијата се уште не објавила информации за експлозијата локалните медиуми јавуваат дека две лица се полесно повредени. Според информациите што ги објавија медиумите, добиени од локалните жители, прво се слушнала експлозија, а потоа...

Неколку лица уапсени по користење на контроверзната капсула за самоубиство во Швајцарија

Швајцарската полиција уапси неколку лица откако беше искористена контроверзна капсула со футуристички изглед дизајнирана за асистирано самоубиство, соопштија локалните власти. Полицијата во северниот кантон Шафхаузен, на границата со Германија, информираше дека таканаречената капсула „Сарко“ била употребена во шума во општината Меришаузен во понеделникот. Обвинителството во Шафхаузен покрена кривична постапка...

Еве колку треба да заработувате во Германија за да ве сметаат за богат

Како што објаснува владиниот Извештај за богатството и сиромаштијата, се смета дека имате висок приход ако заработувате двапати повеќе од просечниот приход. Значи моментално тоа е 3.894 евра нето. Многу граѓани веруваат дека можат да зборуваат за богатство само ако имаат нето приход од околу 9.000 евра месечно,...

Тони Крос е најголемата грешка на Манчестер Јунајтед

Легендарниот Тони Крос по крајот на Европското првенство ја заврши кариерата како еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Германскиот фудбалер освои шест трофеи во Лигата на шампионите, еден со Баерн Минхен и пет со Реал Мадрид. Меѓутоа медиумите потсетуваат и дека Манчестер Јунајтед направи голема грешка со Крос. Имено, овој...

Иранска балистичка ракета пронајдена во Либан по израелски напад

Балистичка ракета „Фатах-110“ од иранско производство е откриена под урнатините на зграда во Либан по израелскиот воздушен напад, што го дава првиот конкретен доказ дека Хезболах го поседува моќното оружје. Ракетата, со дострел од приближно 250 до 300 километри, е способна да испорача боева глава тешка до 500...

Тројца мажи обвинети за обид за изнуда на 15 милиони евра од семејството Шумахер

Германското обвинителство обвини тројца мажи за обид за изнуда на семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, пренесува ДПА. Шумахер беше тешко повреден при инцидент за време на скијање на крајот на 2013 година и оттогаш се нема појавено во јавноста. Неговото семејство во тајност...

Може да ве следат и што пишувате: Овие апликации треба веднаш да ги избришете од телефонот

Понудените апликации на Google Play се подложени на чистка. Воведени се ограничувања за преземање апликации од неофицијални извори, а Play Protect во рамките на Android 15 треба да се подобри со откривање закани во реално време. Истражувачите уште еднаш ги нагласуваат опасностите од тројанецот Necro, откриен во 2019...