ВОНРЕДНА ВЕСТ – Полицијата на нозе: Исчезнаа две малолетни деца од Скопје

Во ист ден исчезнаа две деца од две различни установи за згрижување деца во Скопје.

Вчера во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.

Подоцна во 13.15 часот во Полициската станица Центар, од установа за згрижување на деца на подрачје на општина Центар било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка В.Б.(15).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

ДОПОЛНЕНИЕ-ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ

Денеска (03.09.2024) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(33) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот. Лицето ќе биде спровeдено во установата за доиздржување на затворската казна.

Денеска (03.09.2024) околу 13.25 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода И.Ц.(59) од Скопје. Таа била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спровeдено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Денеска (03.09.2024) околу 13.25 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(27) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од казнено – поправна установа. Лицето ќе биде спровeдено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.

Денеска (03.09.2024) во 11.25 часот во с.Крушопек, скопско, полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(60) од с.Крушопек, поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.09.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека околу 20.30 часот кај нив со прострелна рана од огнено оружје бил донесен Б.Р.(19) од с.Арачиново, скопско. Според пријавеното, околу 20.00 часот во с.Арачиново, по претходна расправија, едно лице од огнено оружје пукало кон Б.Р.. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

На 02.09.2024 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Б.И. од Скопје и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје. Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.09.2024 во 01.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул.„Туристичка“ во Струга било опожарено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на Д.А. од Струга. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2024 во 14.45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Гостивар. По преземени мерки и активности било констатирано дека тој со уште две лица биле ангажирани за сечење на дрва во дворот на И.Р. во гостиварско Чегране и при работа на машина за сечење дрва се здобил со повредите. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со инспектори од Државен трудов инспекторат.

На 02.09.2024 во 16.00 часот во село Кучково, скопско, униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што предизвикале пожар откако претходно користеле пиротехнички средства. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.09.2024 во 23.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.Т.(35) од Битола, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.09.2024 во 19.55 часот во СВР Скопје, М.Д.(40) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот во филијала на банка на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање за ред во филијалата, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.Ѓ.(64) и Е.Ј.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје било пријавено дека на 29.08.2024 околу 19.40 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Г.(43) од Скопје и Д.К.(32) од Велес од една страна и А.Т.Р.(45) и Н.Р.(46) двајцата од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.09.2024 во 13.05 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на патот од с.Јаболци кон с.Брезница, скопско, настанал пожар. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека додека двајца вработени во Јавното претпријатие за државни патишта со машина обележувале ленти на патот, машината експлодирала и од пламенот настанал пожар, кој зафатил нискостеблеста шума од двете страни на патот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2024 околу 17.45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека во помошен објект на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, сопственост на П.Д.(88) од Пробиштип, настанала експлозија на плинска боца и пожар. Притоа, сопственикот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош. Од пожарот настанало делумно оштетување и на соседната куќа, сопственост на Ц.В.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип пожарот бил изгаснат, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Пробиштип.

На 02.09.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Г.Н.(49) од Скопје пријавил дека на 01.09.2024 околу 22.45 часот во станбена зграда на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, Д.М.(38) од село Тркање, кочанско, пријавил дека на 01.09.2024 околу 01.00 часот на паркинг простор во Кочани, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник од Виница и уште неколку други лица, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Таеквондо Клубот Младост трет во Охрид: Калина Стефкова најдобра пионерка

Таеквондо Клубот Младост трет во севкупниот пласман на Охрид Опен 2024. Калина Стефкова најдобра пионерка. Викендов во Охрид се оддржа одлично организираниот Охрид Опен 2024 под покровителство на Македонската Таекводно Федерација. На настанот учество земаа повеќе од 200 натпреварувачи од земјава и странство.Сосема заслужено високото трето место во севкупниот...

Кој сака да плати 80.000 евра за автомобил?

Речиси 40 отсто од купувачите на луксузни возила планираат да купат електричен автомобил во следната година. Клучните критериуми за купување електрично возило со батерии се безбедноста, удобноста и одржливоста, како и дигиталното искуство во автомобилот Оние кои имаат искуство со возење електричен автомобил се помалку загрижени за...

Неодамна стана милијардерка, а сега ја пренесува најтажната вест: Нејзината објава крши срца

Селена Гомез храбро откри дека не може да ги носи сопствените деца поради бројни здравствени проблеми Селена Гомез храбро излезе со изјава дека не може да има деца. 32-годишната пејачка и актерка и претходно беше отворена со фановите за нејзината здравствена состојба, но овој пат објави дека и...

Освоила речиси 100.000 евра, а потоа потрошила години враќајќи го долгот: Ги потрошила сите пари, но заборавила да го направи ова „Испаднав глупава“

Девојка која освои награда од 80.000 фунти (94.000 евра) во ТВ емисија, откри зошто нејзината победа била најлошата работа во нејзиниот живот финансиски, откако со години била принудена да ги отплаќа долговите. Индија Гантс победи на изданието на Следниот топ модел на Америка во 2017 година кога имаше...

Најскапиот подарок што Тито го доби од американскиот претседател: Вреди вистинско богатство, воопшто не е од оваа планета, а еве каде е сега

На страницата на Инстаграм „Патеки на српската историја“ има приказна за четири камења од Месечината, кои на Јосип Броз му ги подарил американскиот претседател Ричард Никсон во 1970 година, а овој подарок е најскап од сето она што Тито го добил за време на неговата долга владее. Четирите...

Имаше само 14 години кога ја заведе холивудски актер: Никој не можеше да го спречи од неговиот план, а потоа остана бремена…

Беше 1972 година кога актерката Мелани Грифит, номинирана за Оскар, првпат го фрли погледот на идниот сопруг и актерот Дон Џонсон, добитник на Златен глобус. Меѓутоа, бидејќи таа имаше само 14 години (Џонсон имаше 22), ќе поминаа неколку години пред двајцата да започнат нешто романтично. Всушност, за време...

„Рече само малку ќе те боли, врескав“: По 30 години манекенката проговори за злоставувањето што го доживеала и бременоста

Во последните неколку години, многу познати дами најдоа сила и зборуваа за најболните периоди од нивниот живот. Сите тие имале една заедничка болка, а тоа е што сите го преживеале искуството на сексуална злоупотреба. Една од нив е популарната манекенка Падма Лакшми, која во своите мемоари детално опиша...

„Јас и мојот сопруг се префрливме на слободна љубов по 2 години брак“: Не сакаат да бидат под притисок на моногамијата, еве како тоа...

Една жена која е во брак само две години вели дека ја отфрла идејата за традиционален брак да практикува слободна љубов со нејзиниот сопруг. Изабела Лима е 25-годишна инфлуенсерка со речиси 60.000 следбеници на Инстаграм, каде што споделува пикантерии за нејзината врска со нејзиниот партнер кој е...

Избегнувајте непријатни ситуации поради прекумерно потење: ослободете се од дамките и непријатните мириси под пазувите!

Веќе долго време се борите со прекумерното потење и често се наоѓате во некои ситуации кои би сакале да ги избегнете. Без разлика дали се работи за деловен состанок, собир на пријатели или семејство, состанок или некоја друга обврска, често се случува да сте затегнати и под...

Патничката била повредена во авионот, а сега од компанијата бара 170.000 долари

Жена која го скршила зглобот за време на несреќа со појасот додека била на лет за Бахамите, ја тужи JetBlue, барајќи отштета од 170.000 долари бидејќи компанијата не и обезбедила соодветна медицинска нега. Жителката на Лонг Ајленд, Марија Мистрета, летала со својот сопруг Салваторе на Бахамите на 23...

Во оваа медитеранска земја ручекот чини 4 евра, кафето 30 центи, а туристи речиси и да нема

Југоисточна Азија е синоним за евтини патувања, а Алжир заедно со Иран е можеби најевтината дестинација ако се земе предвид дека ручекот чини 3 до 4 евра, кафето 30 центи. Алжир е вистинското место за туристи кои бараат прифатливи места со многу капацитети, без премногу гужви. Така тврди патописецот...

Македонија ја потресе страшна вест: 15-годишно момче падна од катна гаража, починало на лице место

Голема трагедија доцна синоќа ги потресе скопјани. На улицата до катната гаража „Разловечко востание“ во центарот на Скопје, спроти Градскиот трговски центар (ГТЦ), синоќа било пронајдено безживотното тело на 15-годишно момче кое најверојатно паднало од катната гаража. Извори од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдија информацијата за Информа,...