Кривично ќе одговараат двајца мажи оти копале злато

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против двајца жители на Кочани осомничени дека во атарот на село Очипала, делчевско, без да поседуваат дозвола за археолошки истражувања, започнале со проучување и пронаоѓање на знаци, со цел идентификување на место каде можат да бидат пронајдени вредни предмети и потоа да продолжат со ископување.

– Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.К.(53) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и М.И.(59) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, стои во соопштението од МВР.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавените биле запрени од полициски службеници, а при преглед во возилото била пронајдена и одземена опрема и алат наменети за археолошки истражувања и ископ, кај второпријавениот биле пронајдени осум сребрени монети, а кај првопријавениот уште четири стари монети и два стари прстени.

– Со извештај од Управа за заштита на културното наследство, било констатирано дека четирите монети и двата прстени одземени од првопријавениот, претставуваат добро под привремена заштита, дополнуваат оттаму.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Лидерите на германските Зелени поднесоа оставки по неколку изборни порази

Лидерите на германските Зелени, една од трите партии во проблематичната коалиција...

Јенс Леман уапсен на Октоберфест

Поранешниот голман на германската репрезентација и на Арсенал, Јенс Леман, е...

Таеквондо Клубот Младост трет во Охрид: Калина Стефкова најдобра пионерка

Таеквондо Клубот Младост трет во севкупниот пласман на Охрид Опен 2024. Калина...

Кој сака да плати 80.000 евра за автомобил?

Речиси 40 отсто од купувачите на луксузни возила планираат да купат...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерите на германските Зелени поднесоа оставки по неколку изборни порази

Лидерите на германските Зелени, една од трите партии во проблематичната коалиција на канцеларот Олаф Шолц, најавија оставки во најновата низа разочарувачки изборни резултати. Поддршката на Зелените значително се намали на изборите за Европскиот парламент во јуни, а овој месец тие поминаа лошо на изборите во три покраини во...

Јенс Леман уапсен на Октоберфест

Поранешниот голман на германската репрезентација и на Арсенал, Јенс Леман, е уапсен поради сомнение дека возел под дејство на алкохол откако присуствувал на Октоберфест. Леман бил запрен од полицијата во Минхен, а откако одбил алкотест, бил приведен во полициската станица. Според „Билд“, Леман се тетеравел и се чувствувал силен...

Таеквондо Клубот Младост трет во Охрид: Калина Стефкова најдобра пионерка

Таеквондо Клубот Младост трет во севкупниот пласман на Охрид Опен 2024. Калина Стефкова најдобра пионерка. Викендов во Охрид се оддржа одлично организираниот Охрид Опен 2024 под покровителство на Македонската Таекводно Федерација. На настанот учество земаа повеќе од 200 натпреварувачи од земјава и странство.Сосема заслужено високото трето место во севкупниот...

Кој сака да плати 80.000 евра за автомобил?

Речиси 40 отсто од купувачите на луксузни возила планираат да купат електричен автомобил во следната година. Клучните критериуми за купување електрично возило со батерии се безбедноста, удобноста и одржливоста, како и дигиталното искуство во автомобилот Оние кои имаат искуство со возење електричен автомобил се помалку загрижени за...

Неодамна стана милијардерка, а сега ја пренесува најтажната вест: Нејзината објава крши срца

Селена Гомез храбро откри дека не може да ги носи сопствените деца поради бројни здравствени проблеми Селена Гомез храбро излезе со изјава дека не може да има деца. 32-годишната пејачка и актерка и претходно беше отворена со фановите за нејзината здравствена состојба, но овој пат објави дека и...

Освоила речиси 100.000 евра, а потоа потрошила години враќајќи го долгот: Ги потрошила сите пари, но заборавила да го направи ова „Испаднав глупава“

Девојка која освои награда од 80.000 фунти (94.000 евра) во ТВ емисија, откри зошто нејзината победа била најлошата работа во нејзиниот живот финансиски, откако со години била принудена да ги отплаќа долговите. Индија Гантс победи на изданието на Следниот топ модел на Америка во 2017 година кога имаше...

Најскапиот подарок што Тито го доби од американскиот претседател: Вреди вистинско богатство, воопшто не е од оваа планета, а еве каде е сега

На страницата на Инстаграм „Патеки на српската историја“ има приказна за четири камења од Месечината, кои на Јосип Броз му ги подарил американскиот претседател Ричард Никсон во 1970 година, а овој подарок е најскап од сето она што Тито го добил за време на неговата долга владее. Четирите...

Имаше само 14 години кога ја заведе холивудски актер: Никој не можеше да го спречи од неговиот план, а потоа остана бремена…

Беше 1972 година кога актерката Мелани Грифит, номинирана за Оскар, првпат го фрли погледот на идниот сопруг и актерот Дон Џонсон, добитник на Златен глобус. Меѓутоа, бидејќи таа имаше само 14 години (Џонсон имаше 22), ќе поминаа неколку години пред двајцата да започнат нешто романтично. Всушност, за време...

„Рече само малку ќе те боли, врескав“: По 30 години манекенката проговори за злоставувањето што го доживеала и бременоста

Во последните неколку години, многу познати дами најдоа сила и зборуваа за најболните периоди од нивниот живот. Сите тие имале една заедничка болка, а тоа е што сите го преживеале искуството на сексуална злоупотреба. Една од нив е популарната манекенка Падма Лакшми, која во своите мемоари детално опиша...

„Јас и мојот сопруг се префрливме на слободна љубов по 2 години брак“: Не сакаат да бидат под притисок на моногамијата, еве како тоа...

Една жена која е во брак само две години вели дека ја отфрла идејата за традиционален брак да практикува слободна љубов со нејзиниот сопруг. Изабела Лима е 25-годишна инфлуенсерка со речиси 60.000 следбеници на Инстаграм, каде што споделува пикантерии за нејзината врска со нејзиниот партнер кој е...

Избегнувајте непријатни ситуации поради прекумерно потење: ослободете се од дамките и непријатните мириси под пазувите!

Веќе долго време се борите со прекумерното потење и често се наоѓате во некои ситуации кои би сакале да ги избегнете. Без разлика дали се работи за деловен состанок, собир на пријатели или семејство, состанок или некоја друга обврска, често се случува да сте затегнати и под...

Патничката била повредена во авионот, а сега од компанијата бара 170.000 долари

Жена која го скршила зглобот за време на несреќа со појасот додека била на лет за Бахамите, ја тужи JetBlue, барајќи отштета од 170.000 долари бидејќи компанијата не и обезбедила соодветна медицинска нега. Жителката на Лонг Ајленд, Марија Мистрета, летала со својот сопруг Салваторе на Бахамите на 23...