Деспотовски: Битола е желна за промени

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски синоќа во Битола ја презентираше програмата Нов почеток за нов СДСМ.

„Битола е желна за промени. Членството бара радикален дисконтинуитет со досегашните политики и кадровски политики. Партиските другари се погласно бараат ново раѓање на партијата. Нашата програма е напишана токму со таква цел. Имавме одлична дебата и слушнавме многу конструктивни предлози, особено за тоа како да ги активираме младите и како повторно да им се слуша гласот, но и како секој од нас постарите членови, особено оние кои биле маргинализирани во последниве години, може да придонесе во реформа и напредок на партијата,“ изјави Деспотовски.

За таа цел се предвидува формирање на Форум и Совет на искусните. Во ова тело ќе членува широк круг на поранешни партиски и функционери на централно и локално ниво и ќе заседава најмалку еднаш годишно. Членовите на Форумот ќе се избираат така наречен Совет на искусните кој ќе заседава на редовни месечни средби (по потреба и почесто), особено во периоди пред избори, или пред донесување битни и стратегиски одлуки.

Советодавната улога на ова тело ќе се однесува во прв ред кон раководството на партијата и ќе формира и свои оперативни тела, составени од членови на советот или други членови на партијата, а тие тела на советот ќе ја помагаат работата на раководството на партијата и на претседател.

“Нашата партија има долга традиција и најголемо искуство на политичката сцена во државата. Тоа искуство е драгоцено и не смее да биде занемарено. Напротив, од искусните личности во партијата се очекува да преземат водечка улога во градење стратегии и правци на дејствување на партијата,“ рече Деспотовски.

Деспотовски пред членовите повторно нагласи дека во трката влегува до крај без пазарење, и дека „негов грб“ се членството.

„Ако успееме да го истераме внатрепартискиот процес чист до крај, тоа ќе ни биде првата победа после изборниот пораз. Тоа што ве има овде во толкав број и што дојдовте со конструктивни идеи и прашања за тоа како понатаму, ме охрабрува дека навистина има луѓе кои веруваат во шансата за нов почеток за оваа наша заедничка партија,“ порача Деспотовски.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

ВАЖНО: Која храна треба да ја избегнувате ако имате проблеми со тироидната жлезда?

Ниту една диета не може да излечи хипотироидизам или хипертироидизам, но...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Младо момче собрало повеќе од потребните донации за трансплантација, па ги редонирало парите за лекување на друго дете!

Приказна која ја враќа вербата во човечноста и солидарноста деновиве доаѓа од Охрид, и во неа на необичен начин се преплетени животите на две семејства, за чии деца се собираат донации за лекување. Имено, 21-годишниот Мухамед Максуд од Охрид, кој е студент и истовремено работи како таксист, треба...

ВАЖНО: Која храна треба да ја избегнувате ако имате проблеми со тироидната жлезда?

Ниту една диета не може да излечи хипотироидизам или хипертироидизам, но некои намирници и додатоци може да предизвикаат проблеми. Ендокринолог од Клиниката во Кливленд објасни каква храна треба да избегнувате доколку имате проблеми со тироидната жлезда. Соја Докторот објасни дека сојата и млекото од соја може да влијаат на апсорпцијата...

Страшна вест ја потресе Македонија: Прегазена 21-годишна девојка, возачот побегнал – ова се деталите

Патиштата во државата повеќе не се безбедни, на секој чекор несреќи... Дваесет и едногодишна девојка заврши со тешки телесни повреди откако 18-годишник од Липково ја удрил со „голф“ на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово. -Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска...

МУ ОТКАЖАЛ БУБРЕГОТ – Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче е во тешка состојба на Клиника

Во многу лоша здравствена состојба се наоѓа велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Како што објави Радио Слободна Европа, со речиси откажан бубрег Видевски е префрлен на Клиниката за нефрологија. Неговиот адвокат Бојан Манев...

СВЕТОТ ТРЕПЕРИ: Започна нова војна – Израелската армија влезе во Либан

Израелските сили во моментов спроведуваат ограничени копнени операции против Хезболах во Либан, соопшти американскиот Стејт департмент. Овие операции се насочени кон инфраструктурата на Хезболах во близина на границата, додека интензивниот артилериски и тенковски оган продолжува долж границата меѓу Израел и Либан. Според портпаролот на Стејт департментот Метју Милер,...

Обвинетиот Видевски за двојното убиство на Вања и Панче во животозагрозувачка состојба префрлен на Клиниката за нефрологија

Боре Видевски, обвинет за учество во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, е префрлен на Клиниката за нефрологија во критична здравствена состојба. Неговиот адвокат, Бојан Манев, за Радио Слободна Европа потврди дека Видевски бил транспортиран од притвор поради...

Русија соборила 125 украински беспилотни летала на нејзина територија

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 125 украински беспилотни летала во текот на ноќта, додека локалниот гувернер изјави дека бил погоден станбен комплекс во западниот град Воронеж. Одделно, Вјачеслав Гладков, гувернер на западниот регион Белгород, рече дека еден маж е убиен во пограничниот град Шебекинo,...

Лицата заболени од ретката болест Вилсон и годинава апелираат да се направи нешто повеќе за дијагностицирање и контрола

Да се зборува за тоа како е да се живее со ретка болест, И кои се последиците од неа е пораката од денешниот хуманитарен настан посветен на лицата со болеста Вилсон, а во спомен на згаснат мал живот кој што ја загубил битката со оваа болест. Ања Босилкова...

СТРАШНО: Со скалпел го исекол на вратот, обид за убиство на малолетник во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел...

Христијан Симоновски од Таеквондо клубот Младост ќе ја претставува Македонија на Светското Првенство за јуниори во Јужна Кореја

Супер талентираниот Христијан Симоновски ќе биде претставник на Македонија на Светскoто првенство во таеквондо за јуниори во Чунчеон, Јужна Кореја. Македонската Таеквондо Федерација е главен покровител за учеството на овој светски настан на кој нашиот репрезентативец предводен од тренерот Стефан Миленковски ќе атакува на највисок можен пласман. Му посакуваме...

Детали за тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на автопатот Тетово-Скопје

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа на автопатот Тетово-Скопје, животот го загуби 24-годишен младо момче од Свети Николе. Според информации од СВР Тетово, несреќата се случила околу 20:30 часот, кога патничко возило „Голф“, кое го управувал младиот возач, излетало од коловозот на околу пет километри од...

Американците објавија видео од новото „невидливо“ летало

Воздухопловните сили на САД ја објавија првата снимка од летот на својот нов стелт-бомбардер „Б-21 рајдер“, кој сè уште е во фаза на тестирање. Полетувањето и слетувањето се случија во воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија, која е позната како место каде што воздухопловните сили и американските производители...