(Видео) Мајката на убиецот на Данка проговори: Мојот син не е виновен, некој го намести

Повеќе од две недели откако беше пријавена за исчезната, телото на двегодишната Данка Илиќ, сè уште не е пронајдено.

Истрагата на српската полиција покажа дека двајца работници на српски Водовод го фрлиле телото од автомобилот на депонија, но еден од нив подоцна, најверојатно со помош на членовите на семејството, го преместил телото, а не сака да каже на полицијата каде.

На распит беа донесени братот и таткото на убиецот Дејан Драгијевиќ. Таткото е приведен, а неговиот брат Далибор почина од срцев удар, јавуваат српските медиуми. Мајката на убиецот, Светлана Драгијевиќ, по вчерашниот погреб на нејзиниот син првпат во јавноста проговори за случајот за Информер.

– Некој друг го направи тоа, па го намести. Се плашам од полицијата и од сите, само ме сликаат! Сите дојдоа, изнесоа секакви работи, имам седум документи имам. Ја зедоа моторната пила, беа во бели одела и земаа брисеви, беа од 10 до три и пол сабајле, имам се во документите, рече Светлана цело време повторувајќи дека се плаши да не остане сама.

– Сама одам во амбуланта, доаѓаат од Итна помош да ми измерат притисок. Соседите доаѓаат да седат кај мене навечер, се плашам да бидам сама поради новинарите, само ме сликаат и пишуваат. Утре одам на гробишта. Мислам дека мојот син не е виновен, но не знам ништо. Немам никаков контакт со него, не знам ни како призна Дејан, тоа е местенка, кажа таа.

Да потсетиме, Данка Илиќ од Бор исчезна на 26 март, а на 4 април српскиот МУП официјално објави дека девојчето е убиено. Се сомнева дека со автомобил ја удриле Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50). После тоа, наводно претпоставиле дека девојчето е мртво и ја ставиле во автомобилот, а кога сфатиле дека е се уште жива, ја задавиле и и го фрлиле телото.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Се огласи и партијата на Палчо, Десна: Еве какви барања имаат тие

Партијата Десна, чиј член е првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска...

КИЧЕВО: Нападнал полицаец и се обидел да исфрли ќесе со марихуана

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Пирава, валандовско, поради...

Прво ВИДЕО на кое се гледа како Палчо беше донесен во Македонија – пренесе ТВ21

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се огласи и партијата на Палчо, Десна: Еве какви барања имаат тие

Партијата Десна, чиј член е првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупло Палевски, соопшти дека Палчо уште од 17-ти јануари побарал да биде екстрадиран во Македонија. Според Десна, „Палчо е бренд и великан на македонската борба“ и поради тоа бараат „да има ВИП безбедносен...

КИЧЕВО: Нападнал полицаец и се обидел да исфрли ќесе со марихуана

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Пирава, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на докажување“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. – На 24.04.2024, тој со намера да спречи докажување на кривично дело за кое бил...

Прво ВИДЕО на кое се гледа како Палчо беше донесен во Македонија – пренесе ТВ21

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо вчера попладне стапна на македонско тло. Во истражниот затвор беше донесен со три возила а во затворот беа спроведени посебни мерки поради неговото враќање во Македонија.

Битиќи доцна вечерва ГРМНА: Не одам никаде, тука сум – цврсто стојам на патот на социјалдемократијата

Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на "неофицијално дознава...". Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите...

Фокус дознава: Битиќи си оди од СДСМ – веќе е познато каде ќе премине

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и формално ќе стане дел од оваа коалиција, во чии рамки има размислувања дали да продолжат во сегашната форма или да формираат нов субјект,...

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Ненадејно почина мајката на осомничениот за убистото на двегодишната Данка Илиќ во селото Злот кај Бор во Србија. Како што објавуваат српските медиуми, во соседството ненадејно починала мајката на осомничениот Д.Д., кој се товари за тешкото убиство на Данка Илиќ. С.Д. од апсењето на нејзиниот син Д.Д., а подоцна...

Импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – На 14.05.2024 во...

Вонредни најави од УХМР – Доаѓа невреме низ Македонија и посвежо време

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и ретки грмежи. Понестабилно ќе биде утре и во четврток кога наместа ќе има изолирана појава на пообилен дожд и...

Што вели Изборниот законик – во право ли е Силјановска Давкова со тоа што го изостави зборот Северна?

Реакции од сите страни за свечената заклетва на новата претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова во Собранието. Откако тааа не го употреби зборот „Северна“, бројни предупредувања за враќање на проблемот со соседна Грција поради непочитување на обврските од Преспанскиот договор. Правилна ли е одлуката на новата претседателка? Професорката...

Прво и честиташе, потоа ја потсети: Фон дер Лајен упати уште една порака до Силјановска-Давкова

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за првa претседателка на С. Македонија, а веднаш потоа се огласи на Икс со забелешка за изоставувањето на уставното име од страна на македонската претседателка на инаугурацијата. Имено, Фон дер Лајен прво...

Путин го смени министерот за одбрана Шојгу

Рускиот претседател Владимир Путин предложи да биде именуван Андреј Белоусов за министер за одбрана, соопшти Телеграмскиот канал на Советот на Федерацијата. Путин денеска го назначи Сергеј Шојгу за секретар на Советот за безбедност на Русија, ставајќи еден од неговите најблиски сојузници на клучна позиција во структурата на националната...

ВЛЕН: Добро е што Силјановска ја потпиша заклетвата со „Северна“

Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата – реагираат од коалицијата ВЛЕН по заклетвата на претседателката Гордана Силјановска Давкова без...