ШЕСТ инспектори добија кривична пријава – ОВА се деталите

Поради злоупотреба на службена положба и овластување, единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шестмина инспектори од Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје.

Како што информираат од МВР, во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, Скопје, за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

Но, пријавените пазарни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.

Во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Атина најави: Ќе ја следиме заклетвата на Силјановска – дали ќе се заколне на Македонија или на Северна Македонија

Секој потег на новите власти во Скопје ќе се следи многу внимателно, вели и шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис. Атина внимателно го очекува однесувањето на новите власти во Скопје околу почитувањето на Преспанскиот договор и уште сега го калибрира својот одговор доколку е нарушен, особено при употребата...

ЦУК: Можно излевање на Крива река по нејзиниот слив, нивото на водостоите е во покачување

Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив. Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на...

Мцкоски: Новата влада ќе биде формирана наскоро

Новата влада ќе биде формирана наскоро, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор при прогласувањето на победата на изборите. Мицкоски рече дека бил и е во комуникација со лидерите на коалицијата Вреди за идната влада и рече дека ќе разговара и со други лидери...

Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, да работиме заедно на следното ниво

Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво. Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски. - Честитки за убедливата победа....

ТВ21: Министер од ВМРО-ДПМНЕ во владината Whatsapp група утрово им ја испрати химната на Македонија

Ден по изборите, еуфоријата во ВМРО-ДПМНЕ сè уште не згаснала. Утрово во владината Whatsapp група, еден од техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ ја испрати химната на државата, ексклузивно објавува ТВ21. На пораката, лајкови доби само од своите сопартијци кои исто така се технички министри. Од принт скринот кој го објавуваме...

Маја Морачанин поднесе оставка – ДОМ ќе добие нов претседател

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори. „Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка...

Над 99% обработени гласови: ВМРО-ДПМНЕ загуби еден пратеник, ДУИ има повеќе од СДСМ, ЗНАМ доби уште еден – Левица остана на 6

По завршувањето на парламентарните избори, по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија ќе влезе во Собранието со најмногу мандати, 58. СДСМ иако е втора на листата по освоен број на гласови сепак има еден пратеник помалку од ДУИ, односно 18. ВЛЕН доби 13 мандати, а Левица и ЗНАМ се...

Перо Костадинов, потпретседателот на СДСМ поднесе оставка: Најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија

Градоначалникот на Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов се огласи преку социјалните мрежи: Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ. Најважни се слободата, мирот и напредокот на #Македонија. Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин...

Силјановска досега доби 506 955 гласови

Убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова на денешните претседателски избори во Македонија. Таа до овој момент има освоено 506.955 гласови. Овој број ќе порасне бидејќи уште не се изброени 100 % од гласачките ливчиња. На вечерашната прес-конференција во Централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова рече дека портите на,...

Фатмир Битиќи поднесе оставка од позицијата потпретседател на СДСМ

Почитувани граѓани и граѓанки Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка - тоа е...

Христијан Мицкоски: Македонија победи, СДСМ и ДУИ одат во опозиција

Време е СДСМ и ДУИ да одат во опозиција, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако првичните резултати од претседателските и парламентарните избори покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ постигна убедлива победа против СДСМ. Мицкоски најави дека за многу брзо ќе ги почне преговорите за нова влада со коалицијата Вреди и...

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока, да биде тука за граѓаните, бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Воедно да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за...