11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.
Ученикот со тешки телесни повреди е примен во прилепската болница “Борка Талески”, каде е констатирано дека се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на пршлените.
Поради сериозноста на повредите, детето е итно префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.
Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност вели директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски. Според него детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете. Несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.