Министерот за здравство, Арбен Таравари, објави дека колабирал и завршил во болница, откако вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев удар.
Тoj утрово објасни дека му се случил ненадеен колапс и итно бил пренесен во болница.
„Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се’ уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството, ќе ги чекаме одговорите на лекарите“, напиша Таравари.