Најбогатите Американци станаа уште побогати за два трилиони долари

245

Најбогатите Американци минатата година станаа уште побогати и сега се „тешки“ вкупно 44,6 трилиони долари (44.600 милијарди) благодарение на скоковите на берзата, јави Си-eн-би-си, повикувајќи се на нови податоци од Федералните резерви.

Федералните резерви ги дефинираат најбогатите еден процент од американските граѓани како оние чие лично богатство е повеќе од 11 милиони долари. Комбинираните нето средства од таа класа се зголемија за околу два трилиони долари во последниот квартал од минатата година.

Тоа во голема мера се должи на растот на берзата кон крајот на годината, бидејќи вредноста на акциите на корпоративните и заедничките фондови во сопственост на најбогатите граѓани на САД се зголеми од 17,65 трилиони долари на 19,7 трилиони долари.

Американците од средната класа, исто така, наводно, забележале зголемување на своето богатство, но податоците на Федералните резерви покажаа дека најбогатите имаат најголема корист од скокот на берзата.

Според Си-ен-би-си, најбогатите десет проценти од Американците поседуваат 87 проценти од индивидуалните акции и заеднички фондови, од кои половина им припаѓаат на оние кои го сочинуваат најбогатиот еден процент, кои поседуваат и 30 проценти од вкупното богатство.

Со ова го продолжува берзанскиот бум што почна во 2020 година во екот на пандемијата на ковид-19, според Си-ен-би-си. Оттогаш, нето богатството на најбогатите еден процент порасна за околу 15 трилиони долари или речиси 50 отсто.

претходниот член,Несовпаѓања во изјавите на мајката – три нелогичности во случајот со Данка: сега се е ЈАСНО
Следната статијаОдликуван руски полковник загинал во терористичкиот напад во Москва спасувајќи ги сопругата и синот