ХЕРОИНА: 61-годишна скопјанка роди бебе по 10 ин витро оплодувања и 10 спонтани абортуси

7058

Брачна двојка од Скопје на возраст од 61 и 65 години доби бебе со ин витро оплодување и со сопствена јајце клетка на мајката, кажа денеска директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), д-р Ирена Алексиоска-Папестиев.

„Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Таа забременила со сопствена јајце клетка, бременоста била следена во приватна ординација во земјава и се породи на ГАК“, рече директорката на денешната прес-конференција.

Пациентката била породена во 36. гестациска недела со царски рез со уреден оперативен тек. Родено е живо машко бебе со родилна тежина од 2.350 грама. и 48 санитиметри должина. И мајката и бебето се во одлична општа состојба и денеска се пуштени дома.

„Мајката-херој, како што ја нарековме, е пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато со 10 инвитро интервенции и 10 спонтани абортуси. Во изминатите години пациентката имала и други 3 гинеколошки операции. Во текот на оваа бременост пациентката имала покачен крвен притисок и дијабет 2, но бременоста била уредна и контролирана. Им честитаме на родителите кои не се откажале од својот сон, не потклекнале на неуспесите, на притисоците од околината и на предрасудите со кои живееме“, рече д-р Алексиоска-Папестиев.

Според податоците од ГАК, во регионот највозрасна прворотка е Љубица од Србија која родила на 62 години, но со донирана јајце клетка и трансфер извршен во Чешка, и Афифа (61 година) исто така од Србија, која по 3 неуспешни ин витро интервенции забременила од четвртата. Во Европа највозрасна прворотка е 62-годишна ена во Шпанија, а во светот 76-годишничка во Индија.

Претходна вестЗа прв пат во јавноста: Се појави план на Русија за поделба на Украина на три дела
Следна вестЗа прв пат во историјата на градот: Валандово добива капела на градските гробишта