Филипче: Целосно нов начин на комуникација со членството и негово вклучување при носење на одлуки

174

„Нов СДСМ за нови победи“, програмата на проф. д-р Венко Филипче, предвидува зајакнување на структурата на партијата и обезбедување силна комуникација и ангажман со општинските организации. Кандидатот за претседател на СДСМ, Филипче предвидува новини кои партијата ќе ја направат подемокртска и потранспарентна, како за членството, така и за јавноста, со што ќе се врати довербата во партијата.

Во својата анализа за изборниот резултат, Филипче вечи дека недоволната присутност на раководството на терен, слабата комуникација на локално ниво и неможноста да се влијае на централните партиски политики, се меѓу главните причини за лошиот резултат. Тој во Програмата предвидува дополнително зајакнување на структурата на партијата и обезбедување силна комуникација и ангажман со општинските организации.

„Ќе формираме ново тело, Секретар за комуникација и управување со општинските организации. Ова тело ќе биде клучно за поттикнување на инклузивна и одговорна партиска средина каде што гласот и барањата на општинските организации ќе се слушаат и нивните мислења ќе се почитуваат од централното партиско раководство.“-пишува во Програмата на Венко Филипче.

Тој најавува внатрешни механизми и процедури, односно конкретни алатки за вклучување на членовите во партиските одлуки. „Ќе се дефинира структуриран механизам за повратни информации на редовно ниво каде самите членови ќе ја евалуираат работата и ќе даваат оценки за раководството на партијата. Ќе се развијат платформи за брз фидбек од членството по важни прашања, анкети и други механизми за вклучување“ – ветува Филипче.

Претходна вестМеџити: Јас ќе бидам вицепремиер и министер за екологија, а Таравари министер за здравство
Следна вестАпел за помош на семејството Богановски од Јурумлери чиј дом изгоре во пожар