Обвинетиот Видевски за двојното убиство на Вања и Панче во животозагрозувачка состојба префрлен на Клиниката за нефрологија

Боре Видевски, обвинет за учество во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, е префрлен на Клиниката за нефрологија во критична здравствена состојба. Неговиот адвокат, Бојан Манев, за Радио Слободна Европа потврди дека Видевски бил транспортиран од притвор поради влошување на неговата состојба. „Тој е во неконтактибилна состојба и е сместен на Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ откако претходно беше однесен во Градската болница ‘8 Септември’“, вели адвокатот Манев, додавајќи дека на Видевски му е извршена итна дијализа, но состојбата е сериозна.

Видевски во минатото имал трансплантиран бубрег и подолг период се жалел на болки. „Бубрегот како да му е пред распаѓање, но за точната дијагноза треба да се произнесат лекарите“, изјави адвокатот, кој истакна дека неговиот клиент можеби ќе треба да биде подолготрајно лекуван, процес што би можел да трае и повеќе од еден месец.

Оваа здравствена криза доаѓа во момент кога Видевски е дел од судскиот процес за грабнување и убиство, кој започна пред десет дена. Обвинет е заедно со четворица други лица кои според обвинението на 22 ноември 2023 година извршиле грабнување на Панче Жежовски во Велес. На Жежовски му било пукано во главата, а возилото „Цитроен“ било употребено за да го извршат следното злосторство – грабнување на малолетната Вања Ѓорчевска во Скопје.

Малолетната Вања била грабната на 27 ноември 2023 година од влезот на нејзината зграда додека одела кон училиште. Според обвинението, сторителите ја ставиле во вреќа за спиење и ја сместиле во багажникот на возилото, каде Палчо, еден од обвинетите, и пукал во главата. Жртвите биле пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Видевски, кој е во притвор од декември 2023 година, веќе неколку пати бил носен на медицински интервенции, но овојпат неговата состојба е сериозно влошена. Директорот на Универзитетската клиника за нефрологија, Никола Ѓорѓиевски, потврди дека Видевски е хоспитализиран заради проблеми со бубрежната функција. „Точно, пациентот е со трансплантиран бубрег и моментално е во сериозна состојба“, изјави Ѓорѓиевски.

Од Кривичниот суд во Скопје изјавија дека се запознаени со здравствената состојба на обвинетиот и чекаат дополнителни информации за текот на неговото лекување. Следното судско рочиште е закажано за 7-ми октомври, но со оглед на здравствената состојба на Видевски, останува неизвесно дали ќе се одржи. На рочиштето треба да сведочат мајката, бабата и детето на Вања Ѓорчевска.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Не е за оние со слаб желудник: Страотна повреда на еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид – стадионот замолкна

Реал Мадрид им се врати на победите оваа вечер на домашен терен, но триумфот над Вилјареал падна во втор план поради тоа што се случи во самата завршница. Головите на Валверде и Винисиус ги обезбедија трите бода за „кралевите“, но на крајот никој не се радуваше на истите...

На интернет „никнуваат“ нови Понзи шеми: „Златната треска“ наречена Конти измами повеќе од 14 илјади граѓани

Граѓани од Велес, Кавадарци, Радовиш викендов останаа без ветените пари од интернет апликацијата „Конти“ – пирамидална шема која тргува со криптовалути. Имено, македонските граѓани заработуваа од гледање и ставање на лајк на реклами за холивудски филмови. Според сведоштва на оштетени велешани, првично купуваш пакет за помалку пари, таква...

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Бугарија сака да ја вовлече Македонија во нивното предизборие, но нема да влегуваме во такви замки, вели премиерот Христијан Мицкоски по ставот на бугарското министерство за надворешни дека процесот на евроинтеграции не дозволува посредување меѓу Европската унија (ЕУ) и земја-кандидат, што го понуди премиерот на Унгарија, Виктор...

ДЕТАЛИ: 19-годишниот Адис Бела бил мета на вечерашното пукање?!

19 годишното момче Адис Бела е тешко повредено по вечерашното пукање во скопски Чаир, дознава 4NEWS.mk од свои извори. Врз 19 годишникот во моментов се извршува операционен зафат во ГОБ Св. Наум Охридски во центарот на Скопје. Како што веќе објавивме, пукано било од кумановски Пасат кој моментално е...

Полицијата ќе го гони таткото на починатото бебе на Клиника, искршил инвертар и компјутери

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека околу пет часот наутро на Детската клиника во Клинички центар Мајка Тереза, В.С. и неговиот брат Б.С. од село Гошинце оштетиле инвентар во болницата. Според пријавеното, инцидентот се случил починала едногодишната ќерка на В.С., која била донесена со Итна медицинска помош...

(ВИДЕО) Бурна ноќ во Скопје: Врие специјалци во Чаир – има пукање и повредени

Силно полициско присуство има вечерва на улицата Џон Кенеди во скопската населба Чаир, јави порталот 24инфо.мк. На терен се присутни и специјалци, а извори на 24инфо.мк информираат дека претходно се слушале и пукотници. Неофицијално, има и повредени лица. Фото+Видео: 24инфо

Драматични сцени: Таткото и чичкото на починатото девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. „Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од...

Трагедија која ја боли цела држава: 14-месечно бебе починало, откако неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе изврши вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести и Клиниката за за респираторни заболувања кај деца Козле каде било лекувано 14-месечното дете кое почина. Министерството за здравство соопшти дека според информациите од Клиниката за детски болести, детето е хоспитализирано со...

Ситуацијата добива нов правец: За Конти се огласи и министерот Тошковски – еве што порача

За измамата преку апликацијата „Конти“, првиот полицаец во државата, Панче Тошковски информира дека официјално не е поднесена кривична пријава, но изрази голема загриженост за ваквиот пирамидален криминал поврзан со потенцијална инвестиција кој што се случува веќе неколку пати. Според Тошковски, слична апликација за измама на граѓаните била конститирана...

Во врска со КОНТИ се огласи и Зоран Витанов – еве што порача

Во последниов период на социјалните мрежи се споделуваа многу различни информации за вложување пари во интернет апликациите како Конти и слични. Додека едни уверуваат дека овие апликации се одличен извор за брза заработка, други се жалат на измама и губење многу пари. Претприемачот и инвеститор Зоран Витанов на социјалните...

Бомба на БГНЕС: Божиновска сè уште е бугарски државјанин!

Досега македонската министерка за енергетика Божиновска е бугарски државјанин, објави БГНЕС. Според информации од извори на агенцијата БГНЕС во Министерството за правда, кои сакаа да останат анонимни, на Божиновска не и е издаден указ за ослободување од бугарско државјанство. Самата Божиновска неколку пати изјави дека поднела барање за откажување...

УXМP објави мапа: Голем бран влегува во Македонија – еве кои делови се зафатени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на циклонска активност започнувајќи од вечерните часови, како и за време на ноќта, се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата. Пообилни се очекува да бидат врнежите во западните и северо-западните делови на земјата каде за време на...