Боцвана гневна на Германија поради ограничувањето на увозот, се заканува со отстрел на слоновите

Во четвртокот, по спорот со Германија околу можните ограничувања за увоз на ловечки трофеи, Боцвана објави план за отстрел на 20.000 слонови.

„Како што знаете, во април оваа година, со сета почит, Боцвана ѝ понуди на Германија 20.000 слонови, но досега не добивме никаков одговор од германската влада“, рече претседателот на оваа африканска земја, Мокгвееци Масиси, во интервју за германски Bild.

Рече дека неговата земја, како и цела јужна Африка, се соочува со „најлошата суша во последните 50 години“ и дека „нашиот народ гладува, а на слоновите им се заканува умирање“.

„Кога луѓето гладуваат, наша должност е да ги нахраниме. И искрено ви велам: тие јадат и слонови“, рече Масиси.

Претседателот на Боцвана не кажа точно кога би можело да започне острелувањето на слоновите.

Претходно во април годинава, германското Министерство за животна средина предложи да има построги ограничувања за увоз на трофеи од лов на животни. Претседателот на Боцвана тогаш изјави за германските медиуми дека ова само ќе ги осиромаши луѓето во неговата земја.

Во заднината на ситуацијата е жестока дискусија која започна пролетта годинава за евентуални дополнителни ограничувања на увозот на ловечки трофеи. Германската министерка за животна средина Штефи Лемке се смета за поборник на овие ограничувања и е на удар на претставниците на африканските земји, особено од Боцвана.

Боцвана е загрижена за натамошни ограничувања на увозот на ловечки трофеи поради големи финансиски загуби. Во атмосфера на растечки тензии, претседателот Масиси изјави дека сака да испрати 20.000 слонови во Германија во знак на протест, но тоа не се случи.

Масиси вели дека бројот на слонови експлодирал како резултат на напорите за зачувување, а ловот помогнал да се задржат под контрола.

Германците треба „да живеат заедно со животните, на начинот на кој вие се обидувате да ни кажете. Ова не е шега“, изјави Масиси за Bild.

Боцвана е дом на околу една третина од светската популација на слонови – над 130.000 – повеќе отколку што има простор. Стадата предизвикуваа штета на имотите, се хранат со посевите и газат жители, рече Масиси.

Боцвана претходно ѝ подари 8.000 слонови на соседна Ангола и понуди уште стотици на Мозамбик, како средство за намалување на популацијата.

„Би сакале да ѝ понудиме таков подарок на Германија“, рече Масиси, додавајќи дека нема да прифати „не“ како одговор.

Министерот за диви животни на Боцвана, Думезвени Мтимхулу полетва се закани дека ќе испрати 10.000 слонови во лондонскиот Хајд парк за Британците да можат да „почувствуваат како се живее крај нив“.

Во март годинава, британските пратеници гласаа за поддршка на забраната за увоз на ловечки трофеи, но законодавството треба дополнително да се испита пред да стане закон. Ветувањето за забрана за увоз на ловечки трофеи беше вклучено во општиот изборен манифест на тогаш владејачките конзервативци во 2019 година.

Боцвана и другите јужноафрикански земји заработуваат многу пари од богатите поединци од западните земји кои плаќаат илјадници долари за дозвола да застрелаат животно, а потоа ја земаат неговата глава или кожа како трофеј. Тие велат дека овие пари се користат за да им се помогне на напорите за зачувување и на локалното население, па затоа е помала веројатноста да бидат во искушение да ги ловат животните.

Групите за права на животните тврдат дека оваа практика е сурова и треба да се забрани.

„Во некои области има повеќе од овие ѕверови отколку луѓе. Тие убиваат деца кои им се испречуваат на патот. Ги газат и јадат земјоделските посеви, оставајќи ги Африканците гладни“, оцени неодамна министерот за диви животни на Боцвана.

Германија е најголемиот увозник во ЕУ на трофеи за африкански слонови и трофеи за лов во целина, според извештајот на Humane Society International за 2021 година.

Боцвана ја забрани оваа практика во 2014 година, но ги укина ограничувањата во 2019 година откако се соочи со притисок од локалните заедници. Земјата сега издава годишни ловни квоти, велејќи дека е лиценцирана и строго контролирана.

Претходно размислуваше да користи слонови за храна за домашни миленици.

Портпаролката на Министерството за животна средина во Берлин изјави за новинската агенција AFP дека Боцвана не изразила никаква загриженост со Германија за ова прашање.

„Со оглед на алармантното губење на биолошката разновидност, имаме посебна одговорност да сториме се за да обезбедиме одржлив и легален увоз на ловечки трофеи“, рече таа.

Министерството, сепак, остана во разговори со африканските земји погодени од правилата за увоз, вклучително и Боцвана, рече портпаролката.

Австралија, Франција и Белгија се меѓу земјите кои ја забранија трговијата со ловечки трофеи.

Боцвана, заедно со нејзините соседи Зимбабве и Намибија, исто така тврдат дека треба да и се дозволи да ги продава своите резерви од слонова коска за да може да заработи пари од огромниот број слонови.

Земјите во Источна Африка, како и групите за заштита на животните, се спротивставија на ова, велејќи дека тоа ќе го поттикне ловокрадството.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Не е за оние со слаб желудник: Страотна повреда на еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид – стадионот замолкна

Реал Мадрид им се врати на победите оваа вечер на домашен терен, но триумфот над Вилјареал падна во втор план поради тоа што се случи во самата завршница. Головите на Валверде и Винисиус ги обезбедија трите бода за „кралевите“, но на крајот никој не се радуваше на истите...

На интернет „никнуваат“ нови Понзи шеми: „Златната треска“ наречена Конти измами повеќе од 14 илјади граѓани

Граѓани од Велес, Кавадарци, Радовиш викендов останаа без ветените пари од интернет апликацијата „Конти“ – пирамидална шема која тргува со криптовалути. Имено, македонските граѓани заработуваа од гледање и ставање на лајк на реклами за холивудски филмови. Според сведоштва на оштетени велешани, првично купуваш пакет за помалку пари, таква...

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Бугарија сака да ја вовлече Македонија во нивното предизборие, но нема да влегуваме во такви замки, вели премиерот Христијан Мицкоски по ставот на бугарското министерство за надворешни дека процесот на евроинтеграции не дозволува посредување меѓу Европската унија (ЕУ) и земја-кандидат, што го понуди премиерот на Унгарија, Виктор...

ДЕТАЛИ: 19-годишниот Адис Бела бил мета на вечерашното пукање?!

19 годишното момче Адис Бела е тешко повредено по вечерашното пукање во скопски Чаир, дознава 4NEWS.mk од свои извори. Врз 19 годишникот во моментов се извршува операционен зафат во ГОБ Св. Наум Охридски во центарот на Скопје. Како што веќе објавивме, пукано било од кумановски Пасат кој моментално е...

Полицијата ќе го гони таткото на починатото бебе на Клиника, искршил инвертар и компјутери

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека околу пет часот наутро на Детската клиника во Клинички центар Мајка Тереза, В.С. и неговиот брат Б.С. од село Гошинце оштетиле инвентар во болницата. Според пријавеното, инцидентот се случил починала едногодишната ќерка на В.С., која била донесена со Итна медицинска помош...

(ВИДЕО) Бурна ноќ во Скопје: Врие специјалци во Чаир – има пукање и повредени

Силно полициско присуство има вечерва на улицата Џон Кенеди во скопската населба Чаир, јави порталот 24инфо.мк. На терен се присутни и специјалци, а извори на 24инфо.мк информираат дека претходно се слушале и пукотници. Неофицијално, има и повредени лица. Фото+Видео: 24инфо

Драматични сцени: Таткото и чичкото на починатото девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. „Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од...

Трагедија која ја боли цела држава: 14-месечно бебе починало, откако неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе изврши вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести и Клиниката за за респираторни заболувања кај деца Козле каде било лекувано 14-месечното дете кое почина. Министерството за здравство соопшти дека според информациите од Клиниката за детски болести, детето е хоспитализирано со...

Ситуацијата добива нов правец: За Конти се огласи и министерот Тошковски – еве што порача

За измамата преку апликацијата „Конти“, првиот полицаец во државата, Панче Тошковски информира дека официјално не е поднесена кривична пријава, но изрази голема загриженост за ваквиот пирамидален криминал поврзан со потенцијална инвестиција кој што се случува веќе неколку пати. Според Тошковски, слична апликација за измама на граѓаните била конститирана...

Во врска со КОНТИ се огласи и Зоран Витанов – еве што порача

Во последниов период на социјалните мрежи се споделуваа многу различни информации за вложување пари во интернет апликациите како Конти и слични. Додека едни уверуваат дека овие апликации се одличен извор за брза заработка, други се жалат на измама и губење многу пари. Претприемачот и инвеститор Зоран Витанов на социјалните...

Бомба на БГНЕС: Божиновска сè уште е бугарски државјанин!

Досега македонската министерка за енергетика Божиновска е бугарски државјанин, објави БГНЕС. Според информации од извори на агенцијата БГНЕС во Министерството за правда, кои сакаа да останат анонимни, на Божиновска не и е издаден указ за ослободување од бугарско државјанство. Самата Божиновска неколку пати изјави дека поднела барање за откажување...

УXМP објави мапа: Голем бран влегува во Македонија – еве кои делови се зафатени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на циклонска активност започнувајќи од вечерните часови, како и за време на ноќта, се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата. Пообилни се очекува да бидат врнежите во западните и северо-западните делови на земјата каде за време на...