Тажна вест: Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година.

Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.);

Се сметал за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија. Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година).

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект;

По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет;

Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала.

На првите повеќе-партиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќе-партиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието – должност што ја извршуваше до март 1996 година;

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на последните избори (1998 година);

Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија;

Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година;

На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Детали за тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на автопатот Тетово-Скопје

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа на автопатот Тетово-Скопје,...

Американците објавија видео од новото „невидливо“ летало

Воздухопловните сили на САД ја објавија првата снимка од летот на...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Христијан Симоновски од Таеквондо клубот Младост ќе ја претставува Македонија на Светското Првенство за јуниори во Јужна Кореја

Супер талентираниот Христијан Симоновски ќе биде претставник на Македонија на Светскoто првенство во таеквондо за јуниори во Чунчеон, Јужна Кореја. Македонската Таеквондо Федерација е главен покровител за учеството на овој светски настан на кој нашиот репрезентативец предводен од тренерот Стефан Миленковски ќе атакува на највисок можен пласман. Му посакуваме...

Детали за тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на автопатот Тетово-Скопје

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа на автопатот Тетово-Скопје, животот го загуби 24-годишен младо момче од Свети Николе. Според информации од СВР Тетово, несреќата се случила околу 20:30 часот, кога патничко возило „Голф“, кое го управувал младиот возач, излетало од коловозот на околу пет километри од...

Американците објавија видео од новото „невидливо“ летало

Воздухопловните сили на САД ја објавија првата снимка од летот на својот нов стелт-бомбардер „Б-21 рајдер“, кој сè уште е во фаза на тестирање. Полетувањето и слетувањето се случија во воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија, која е позната како место каде што воздухопловните сили и американските производители...

Трагедија ја потресе Македонија: Почина родилка во Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники

Синоќа во Куманово почина родилка во кумановската болница. Извршено е породување, а новороденчето е префрлено на скопската Гинеколошко-акушерска клиника. Од МВР потврдија дека е пријавен случајот кај нив. Телото на починатата е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина. Истрагата треба да ги утврди причините за смртта на...

Турски градежен изведувач доби 62 доживотни казни затвор поради урнатите згради во земјотресот

Турскиот суд осуди изведувач на 62 доживотни затворски казни за невнимание при изградбата на зградата што се урна во разорниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција во 2023 година. Изведувачот Хасан Алпарѓун, кој веќе е во затвор, е осуден на 865 години за „предизвикување смрт и повреда со...

Турција и Германија имаат рок од шест месеци да го решат спорот за рецептот на донер кебап

Европската комисија (ЕК) им даде на Турција и Германија рок од шест месеци да постигнат компромис околу спорот за донер кебапот, објавува британскиот магазин „Економист“. Турција побара од Европската Унија заштитен статус за донер кебапот, бидејќи рецептот на ова популарно јадење во Германија значително се разликува од традиционалната...

Писториус: Украина е само почеток за Путин, Русија се вооружува за повеќе од „само војна со Украина“

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска предупреди дека Русија брзо се вооружува за повеќе од војната во Украина, пишува ДПА. „Гледаме дека Русија брзо го зголемува производството на оружје и драматично ги зајакнува своите вооружени сили. Сето ова го отстранува сомнежот: за Русија, за Русија на Владимир...

Свекрва по грешка ја отворила вратата од кампер во движење, што го возела снаата

Германска пензионерка (84) испаднал од кампер, што возел со голема брзина, паднала на автопат и била прегазен од автомобил кој доаѓал. Несреќата се случила во утрово околу 5:30 часот на автопатот А7 кај Ротгл и Корбер во шпанската провинција Валенсија, соопшти полицијата. Жената починала на лице место, пренесува...

Германија најавува дополнителни 400 милиони евра воена помош за Украина

Германската влада ја зголеми воената помош за Украина за околу 400 милиони евра, а ваквата информација е објавена на веб-страницата на германската влада. На краток рок, Германија ќе одвои дополнителни 170 милиони евра за обнова на енергетската инфраструктура на Украина. Планирано е парите да се потрошат за набавка на...

Познат германски политичар земал политички затвореници од Белорусија да му работат како робови

Јорг Дорнау, член на германската екстремно десничарска партија АфД во парламентот во Саксонија, користел политички затвореници како евтина работна сила на своите плантажи со кромид во Белорусија, објави белорускиот медиум Reform.news. Дорнау склучил договор со локалниот затвор и вработил белоруски политички затвореници во неговата земјоделска компанија ООО Зибулка-Бел,...

Бербок повика на избор на прва жена генерален секретар на ОН

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок повика да се избере првата жена што ќе ги предводи Обединетите нации, барајќи од меѓународната организација да избере жена генерален секретар по речиси 80 години машко лидерство. Жените сочинуваат 50 отсто од секоја земја, рече Бербок на Генералното собрание на ОН...

Боцвана гневна на Германија поради ограничувањето на увозот, се заканува со отстрел на слоновите

Во четвртокот, по спорот со Германија околу можните ограничувања за увоз на ловечки трофеи, Боцвана објави план за отстрел на 20.000 слонови. „Како што знаете, во април оваа година, со сета почит, Боцвана ѝ понуди на Германија 20.000 слонови, но досега не добивме никаков одговор од германската влада“,...