Мицкоски: Заклетвата ќе ја дадам со Република Северна Македонија

Заклетвата ќе ја дадам со уставното име кое ќе го користам и при посетите во странство.

Уставното име на државата е јасно и не треба да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име – тоа е со придавката, порача вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада.

Тој во интервју за ТВ Сител рече дека во заклетвата што ќе ја даде идната влада ќе го користи новото уставно име на државата исто како и при посетите во странство.

-Сепак, во секојдневната употреба и при давањето на изјавите во земјава ќе го користам името „Македонија“. Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју за централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека информациите кои пристигнувале до него се катастрофални, односно државата е во лоша состојба, но сепак како идна влада ќе работат за брзи резултати.

„Информациите кои доаѓаат до мене се катастрофални односно алармантна ситуација која владее во Македонија и која е наше секојдневие и тоа нема да не изненади ниту нас, ниту граѓаните ако кажеме дека е лоша состојбата. Впрочем нема човек кој денеска во Македонија вели дека е добра состојбата нема таков и впрочем тоа беа и резултатите на изборите кои се случија на 8 мај и знам дека ќе немаме 100 дена, впрочем немаме ниту минута, бидејќи веќе почнаа нападите кон нас, а не сме ниту влада. Претпоставувам дека за 6 дена треба да е нашиот прв работен ден, а веќе почнаа нападите“, посочи Мицкоски.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Американците објавија видео од новото „невидливо“ летало

Воздухопловните сили на САД ја објавија првата снимка од летот на...

Турски градежен изведувач доби 62 доживотни казни затвор поради урнатите згради во земјотресот

Турскиот суд осуди изведувач на 62 доживотни затворски казни за невнимание...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американците објавија видео од новото „невидливо“ летало

Воздухопловните сили на САД ја објавија првата снимка од летот на својот нов стелт-бомбардер „Б-21 рајдер“, кој сè уште е во фаза на тестирање. Полетувањето и слетувањето се случија во воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија, која е позната како место каде што воздухопловните сили и американските производители...

Трагедија ја потресе Македонија: Почина родилка во Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники

Синоќа во Куманово почина родилка во кумановската болница. Извршено е породување, а новороденчето е префрлено на скопската Гинеколошко-акушерска клиника. Од МВР потврдија дека е пријавен случајот кај нив. Телото на починатата е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина. Истрагата треба да ги утврди причините за смртта на...

Турски градежен изведувач доби 62 доживотни казни затвор поради урнатите згради во земјотресот

Турскиот суд осуди изведувач на 62 доживотни затворски казни за невнимание при изградбата на зградата што се урна во разорниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција во 2023 година. Изведувачот Хасан Алпарѓун, кој веќе е во затвор, е осуден на 865 години за „предизвикување смрт и повреда со...

Турција и Германија имаат рок од шест месеци да го решат спорот за рецептот на донер кебап

Европската комисија (ЕК) им даде на Турција и Германија рок од шест месеци да постигнат компромис околу спорот за донер кебапот, објавува британскиот магазин „Економист“. Турција побара од Европската Унија заштитен статус за донер кебапот, бидејќи рецептот на ова популарно јадење во Германија значително се разликува од традиционалната...

Писториус: Украина е само почеток за Путин, Русија се вооружува за повеќе од „само војна со Украина“

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска предупреди дека Русија брзо се вооружува за повеќе од војната во Украина, пишува ДПА. „Гледаме дека Русија брзо го зголемува производството на оружје и драматично ги зајакнува своите вооружени сили. Сето ова го отстранува сомнежот: за Русија, за Русија на Владимир...

Свекрва по грешка ја отворила вратата од кампер во движење, што го возела снаата

Германска пензионерка (84) испаднал од кампер, што возел со голема брзина, паднала на автопат и била прегазен од автомобил кој доаѓал. Несреќата се случила во утрово околу 5:30 часот на автопатот А7 кај Ротгл и Корбер во шпанската провинција Валенсија, соопшти полицијата. Жената починала на лице место, пренесува...

Германија најавува дополнителни 400 милиони евра воена помош за Украина

Германската влада ја зголеми воената помош за Украина за околу 400 милиони евра, а ваквата информација е објавена на веб-страницата на германската влада. На краток рок, Германија ќе одвои дополнителни 170 милиони евра за обнова на енергетската инфраструктура на Украина. Планирано е парите да се потрошат за набавка на...

Познат германски политичар земал политички затвореници од Белорусија да му работат како робови

Јорг Дорнау, член на германската екстремно десничарска партија АфД во парламентот во Саксонија, користел политички затвореници како евтина работна сила на своите плантажи со кромид во Белорусија, објави белорускиот медиум Reform.news. Дорнау склучил договор со локалниот затвор и вработил белоруски политички затвореници во неговата земјоделска компанија ООО Зибулка-Бел,...

Бербок повика на избор на прва жена генерален секретар на ОН

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок повика да се избере првата жена што ќе ги предводи Обединетите нации, барајќи од меѓународната организација да избере жена генерален секретар по речиси 80 години машко лидерство. Жените сочинуваат 50 отсто од секоја земја, рече Бербок на Генералното собрание на ОН...

Боцвана гневна на Германија поради ограничувањето на увозот, се заканува со отстрел на слоновите

Во четвртокот, по спорот со Германија околу можните ограничувања за увоз на ловечки трофеи, Боцвана објави план за отстрел на 20.000 слонови. „Како што знаете, во април оваа година, со сета почит, Боцвана ѝ понуди на Германија 20.000 слонови, но досега не добивме никаков одговор од германската влада“,...

Октоберфест: Како да се препознае девојка достапна за додворување?

Октоберфест во Минхен, Германија - можеби најголемиот фестивал на пивото во светот, до 6 октомври се очекува да го посетат околу шест милиони луѓе. Девојките на настанот обично се во традиционални баварски народни носии, но во малку пократка варијанта, заради поголемо внимание и на „Тикток“, меѓу другото. И...

Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест

Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, најстарата пиварница во светот, има тајна: тој навистина сака пиво без алкохол, објави АП. Тој вели дека ужива во безалкохолно пиво кога работи или на пауза за...