ДЕНЕСКА Е ЃУРЃОВДЕН: Бог го дарува Св. великомаченик Георгиј со сила да им помага на тие што го слават неговото име

Денеска е 23 април (по стар стил) и се слави Св. великомаченик Георгиј.

Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина.

Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клада, а на градите да му положат тежок камен.

Потоа нареди да го врзат на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана. По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Меѓутоа, при сите овие маки, Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта.

Кога светиот Георгиј воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Валериј, Донат и Терин. Најпосле, царот ги осуди Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат, а свети Георгиј го убија во 303 година.

Безбројни се чудата што се јавија на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, Свети Георгиј без тешкотии остави сè заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет.

За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. И го дарува со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре СДСМ ќе одржи состанок на Централниот одбор – познато е што ќе се случува

Социјалдемократски сојуз на Македонија започнува со своите активности, по убедливиот, историски...

Африм Гаши избран за претседател на Собрание

Со 76 гласа „за“ и 6 „против“ Африм Гаши е избран...

Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под...

Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре СДСМ ќе одржи состанок на Централниот одбор – познато е што ќе се случува

Социјалдемократски сојуз на Македонија започнува со своите активности, по убедливиот, историски пораз на претседателски и парламентарните избори, каде партијата заедно со коалицијата успеа да освои 18 пратенички мандати. По поразот, актуелниот претседател Димитар Ковачевски најави дека ќе следуваат големи промени во партијата, а неколку денови потоа потврди и...

Африм Гаши избран за претседател на Собрание

Со 76 гласа „за“ и 6 „против“ Африм Гаши е избран за нов претседател на Собранието. Како единствен кандидат предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и од Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“ се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите, а функцијата ќе ја извршува совесно....

Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под покровителство на Македонската Таеквондо Федерација. На турнирот учествуваа повеќе од 300 учесници вклучувајки и натпреварувачи од 5 балкански држави. ТК Младост од Скопје за кој настапува Калина Стефкова учествуваше со 30 натпреварувачи во сите категории и...

Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска. Тажната вест ја потврдија од неговото семејство. Во пукањето, на кое му претходела тепачка, повредени се и две лица. Како што претходно соопшти МВР инцидентот бил пријавен доцна синоќа околу 23:40 часот. Во 23 часот...

Ова се кандидатите кои би можеле да го наследат Покетино

Маурисио Покетино вечерва доби отказ од Челси. Двете страни се договориле да го раскинат договорот, само една сезона по преземање на кормилото. Веќе се познати и неколку имиња за кои се шпекулира дека би можеле да бидат наследници на Аргентинецот. Некои од нив се очекувани, но има и...

Полска приведе девет лица осомничени дека се руски шпиони

Девет лица се уапсени во Полска под сомнение дека работеле за руските специјални служби и извршиле серија диверзантски дејствија во земјата. Ваквата информација за полските медиуми ја соопшти премиер Доналд Туск. – Деветмина осомничени се уапсени и обвинети за директно учество во саботажа на територијата на Полска по...

Владата ја одржа 22 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 22 седница, на која, како што информираат од владината прес-служба, биле донесени повеќе одлуки и заклучоци, меѓу кои за запишување студенти/питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 годинаи одлука за учество на Армијата во...

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси Нетанјаху

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него. Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде изјави дека Норвешка ќе мора да го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница, пренесе Ал Џезира. Ејде...

До 2050 година животниот век ќе се зголеми за 5 години

Очекуваниот животен век на луѓето ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година, објави научното списание „Лансет“. Кај мажите тоа ќе се зголеми од 71,1 на 76 години, а кај жените од 76,2 на 80,5 години. Најголем пораст се очекува во земјите каде што очекуваниот животен...

Мицотакис: „Ова не го кажувам со радост“ но ако не го почитуваат договорот нема ЕУ

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на говор во Лерин уште еднаш го повтори неговиот став дека доколку Скопје не го почитува Договорот од Преспа и настојува да го оспорува јадрото на тој договор не треба да се надева на продолжување на европскиот пат. Посочи дека „ова не...

Потврден триесетдневен притвор за Љупчо Палевски Палчо

Кривичниот суд во Скопје му го потврди триесетдневниот притвор на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Палевски за првпат беше изведен пред судија во претходна постапка по неговото пристигнување од Турција, од каде во средината на мај беше екстрадиран во Северна...

МЗТ на чекор од шампионската титула

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер. Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да...