Пендаровски: Резултатите не се такви какви што очекувавме, сметавме на помала разлика, од утре почнуваме од нула

„Јасно е дека уште пред да почне изборната трка политичката кондиција на коалицијата не беше на завидно ниво, особено не беше на нивото од 2019 година. Знаете што сѐ во меѓувреме се случуваше, но без поддршка од коалиција на политички партии не можете да размислувате да влезете во политичка трка. Од резултатите се гледа дека успеав да додадам некаква вредност на заедничкиот коалициски потенцијал. Што во првиот круг не беше доволен. Ќе има време за консолидирање помеѓу двата изборни круга“, рече кандидатот за претседател поддржан од СДСМ.

Општа оценка од првиот круг на претседателските избори е дека резултатите не се такви какви што ги очекувавме. Бројките сѐ уште се пресметуваат. Она што го знам од аналитичкиот центар е дека разликата ќе биде околу 130 илјади гласови, можеби нешто повеќе. Очекуваме помалку. Утре е нов ден. Веќе од утре почнуваме средби со граѓани, кои ги практикувавме и досега. Тргаме практично од нула.

Ова вечерва на прес-конференција од Изборниот штаб го изјави кандидатот за претседател Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ.

„Знаете дека имаше седум кандидати, како никогаш досега. И веројатно тоа беше една од причините зошто гласовите се поделија на повеќе страни. Веројатно некои од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг земаа дел од она што беше претпоставен електорат на првите два кандидати кои продолжуваат понатаму. Но, тргнуваме од нула, од почеток“, рече тој.

Според него, негова задача следните денови од кампањата ќе биде да продолжи да го промовира концептот во кој, како што додаде, длабоко верува.

„Концепт на држава која не е изолирана, држава која е интегрирана во Европа, која внатре нема поделби по било која основа е моето животно кредо, мојата политичка филозофија, која ја застапувам не само овие 20 дена во кампањата, туку откако паметам за себе, од моите први појавувања пред повеќе од две и пол децении во македонската јавност“, вели Пендаровски.

Ги охрабри граѓаните кои, како што рече, не излегле во првиот круг да го дадат својот глас, да учествуваат на 8 мај, на изборите во вториот изборен круг.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

ДОБАР ПОТЕГ: Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии одлучи...

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

После долго боледување, денеска на Велики Четврток, почина таткото на Тоше...

Домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца – обичаи за Велики четврток

Денес е Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица....

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ДОБАР ПОТЕГ: Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии одлучи да се укине поскапувањето на полисите за автоодговорност со што се враќаат старите цени. Ова е епилогот по денешниот нов состанок во Министерството, откако осигурителните компании самоиницијативно ја поскапеа задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила за...

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

После долго боледување, денеска на Велики Четврток, почина таткото на Тоше Проески, Никола. Веста на социјалните мрежи ја сподели неговата ќерка, Дора Проеска. -Светол патот, татко мој – напиша таа. Нека почива во мир и сочувство до семејството!

Домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца – обичаи за Велики четврток

Денес е Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шести ден од Страсната седмица, односно пет дена по Лазаровата сабота и четири по Цветници, а според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На...

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници и на НОБ, АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов, му одговори Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ, на условот за коалицирање изнесен вчера...

Љубчо Георгиевски: Испаѓа дека ВМРО-ДПМНЕ се најголеми платеници на бугарските служби

На Фејсбук се појави обајава од Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-Народна партија. Ајде уште еднаш да појаснам зошто очигледно некои луѓе потешко разбираат: -Во 2014 година во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, премиер Никола Груевски со пари од македонскиот буџет, Министерството за култура на Република Македонија објавува едиција PRO...

Лукаревска од Виница: Да го сочуваме достоинството на луѓето кои што цел живот создавале, а ги краси неверојатна скромност и пожртвуваност

Да го сочуваме достоинството на луѓето кои што цел живот создавале, а ги краси неверојатна скромност и пожртвуваност. СДСМ памти, почитува и цени, нема да отстапиме од нашиот план: Mинимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30 000 денари Усогласување секој јануари и јуни,...

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

МВР извести дека вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, додаваат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа...

Вреди преку Меџити најави: Нема како да ја поддржиме Силјановска со изјави како вчерашната од Куманово

„Очекуваме оградување од структурата и од ВМРО-ДПМНЕ на таквите изјави. Не кажав дека ќе одиме на бојкот или нешто слично, но не сум среќен заради таквите изјави. Со таквите изјави нема да добие поддршка од втората заедница во државата“, вели Меџити на прашањето дали коалицијата „Вреди“ ќе...

УЖАС: Приведени две лица за напад на малолетна ќерка и сестра

Двајца неготинци синоќа биле лишени од слобода поради напад врз малолетната ќерка и сестра, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. „Во 23.10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Г.З., на возраст од 50 години и В.З., на 24-годишна возраст, двајцата од...

Пендаровски: Не можам да разберам зошто Мицкоски предвреме поставува услови кој може да влезе во Влада

Во првата претседателска дебата пред вториот круг на ТВ21, кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски вели дека „не знае зошто Силјановска Давкова прво вели дека се сигурни победници, го знае резултатот пред да заврши бидејќи ќе победат и на претседателски и на парламентарни а условите пред...

МОН: Се реконструира студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје

Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје предвидени во договорот кој на почетокот на годината Министерство за образование и наука (МОН) го потпиша со австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, започнаа да се реализираат на терен. За 18 месеци...

НЕСРЕЌА: Грк во Дојран излетал со авотмобилот – се повредил

Вчера во полицијата во Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н. (70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со...