Пендаровски: На Мицкоски најголем страв му е Груевски случајно да не се врати назад

На вчерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните денови ги засилува нападите и заканите кон него, тој одговори дека за тоа постојат две причини.

„Прво, тоа се таков тип на луѓе, 11 години владееја со насилство. Во 2011 година со специјални полициски сили ја затворија најгледаната телевизија во тоа време, што нас на памет не ни паѓа. Вие можете денеска да пцуете, да викате против претседателот на Македонија до утре сабајле, влакно од глава нема да ви фали.

-Значи, прво се такви, а второ во последните неколку денови ако забележувате ја засилуваат реториката и заканите, не само кон мене, туку и кон другите…тоа мене ми е знак дека работите не им врват добро на терен. Веројатно чувствуваат дека од удирање во гради изминатава година дека се сигурни победници и дека ќе победат со 100 илјади, со 200 илјади гласови разлика, дека не ќе е баш така. Вашето масовно присуство на терен е доказ дека тие се во голема заблуда” порача Пендаровски пред граѓаните на Куманово.

Во однос на обвинувањата од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за некакви тајни средби за наводна амнестија на одредени политичари, Пендаровски потсети дека токму Мицкоски од страна на европски институции бил посочен како извор на лажни вести.

„Кога сакаш да амнестираш и кога амнестираш некого тоа се гледа. На Христијан Мицкоски најголем страв му е да не случајно Груевски се врати назад. И сега ме обвинува мене и неколку други политичари дека на тајни средби сме договарале Груевски да го враќаме назад амнестиран. Сега ве прашувам дали некој го видел Никола Груевски во Македонија? Значи станува збор за фрапантна лага на тој човек и впрочем тоа не е ништо ново. Пред четири години Европскиот Парламент во свој официјален извештај го посочи со име и со презиме Христијан Мицкоски како извор на лажни вести и дезинформации. И нема што понатаму да разговараме, јасно е сè” истакна Пендаровски од Куманово.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре СДСМ ќе одржи состанок на Централниот одбор – познато е што ќе се случува

Социјалдемократски сојуз на Македонија започнува со своите активности, по убедливиот, историски...

Африм Гаши избран за претседател на Собрание

Со 76 гласа „за“ и 6 „против“ Африм Гаши е избран...

Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под...

Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре СДСМ ќе одржи состанок на Централниот одбор – познато е што ќе се случува

Социјалдемократски сојуз на Македонија започнува со своите активности, по убедливиот, историски пораз на претседателски и парламентарните избори, каде партијата заедно со коалицијата успеа да освои 18 пратенички мандати. По поразот, актуелниот претседател Димитар Ковачевски најави дека ќе следуваат големи промени во партијата, а неколку денови потоа потврди и...

Африм Гаши избран за претседател на Собрание

Со 76 гласа „за“ и 6 „против“ Африм Гаши е избран за нов претседател на Собранието. Како единствен кандидат предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и од Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“ се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите, а функцијата ќе ја извршува совесно....

Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под покровителство на Македонската Таеквондо Федерација. На турнирот учествуваа повеќе од 300 учесници вклучувајки и натпреварувачи од 5 балкански држави. ТК Младост од Скопје за кој настапува Калина Стефкова учествуваше со 30 натпреварувачи во сите категории и...

Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска. Тажната вест ја потврдија од неговото семејство. Во пукањето, на кое му претходела тепачка, повредени се и две лица. Како што претходно соопшти МВР инцидентот бил пријавен доцна синоќа околу 23:40 часот. Во 23 часот...

Ова се кандидатите кои би можеле да го наследат Покетино

Маурисио Покетино вечерва доби отказ од Челси. Двете страни се договориле да го раскинат договорот, само една сезона по преземање на кормилото. Веќе се познати и неколку имиња за кои се шпекулира дека би можеле да бидат наследници на Аргентинецот. Некои од нив се очекувани, но има и...

Полска приведе девет лица осомничени дека се руски шпиони

Девет лица се уапсени во Полска под сомнение дека работеле за руските специјални служби и извршиле серија диверзантски дејствија во земјата. Ваквата информација за полските медиуми ја соопшти премиер Доналд Туск. – Деветмина осомничени се уапсени и обвинети за директно учество во саботажа на територијата на Полска по...

Владата ја одржа 22 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 22 седница, на која, како што информираат од владината прес-служба, биле донесени повеќе одлуки и заклучоци, меѓу кои за запишување студенти/питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 годинаи одлука за учество на Армијата во...

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси Нетанјаху

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него. Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде изјави дека Норвешка ќе мора да го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница, пренесе Ал Џезира. Ејде...

До 2050 година животниот век ќе се зголеми за 5 години

Очекуваниот животен век на луѓето ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година, објави научното списание „Лансет“. Кај мажите тоа ќе се зголеми од 71,1 на 76 години, а кај жените од 76,2 на 80,5 години. Најголем пораст се очекува во земјите каде што очекуваниот животен...

Мицотакис: „Ова не го кажувам со радост“ но ако не го почитуваат договорот нема ЕУ

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на говор во Лерин уште еднаш го повтори неговиот став дека доколку Скопје не го почитува Договорот од Преспа и настојува да го оспорува јадрото на тој договор не треба да се надева на продолжување на европскиот пат. Посочи дека „ова не...

Потврден триесетдневен притвор за Љупчо Палевски Палчо

Кривичниот суд во Скопје му го потврди триесетдневниот притвор на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Палевски за првпат беше изведен пред судија во претходна постапка по неговото пристигнување од Турција, од каде во средината на мај беше екстрадиран во Северна...

МЗТ на чекор од шампионската титула

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер. Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да...