МВР добило известување дека Грујевски е приведен во Хрватска, но денеска е ослободен

Министерството за внатрешни работи вчера добило известување од Интерпол-Хрватска дека обвинетиот за масовното прислушување, Горан Грујевски бил приведен во Хрватска, но денеска добиле ново известување дека тој е ослободен.

-Во текот на вчерашниот ден од страна на Интерпол – Хрватска добивме информација дека Г.Г. е приведен. Денеска, исто така од Интерпол Хрватска добивме известување дека го ослободиле Г.Г., велат од МВР.

Поранешниот директор на Петтата управа на МВР, Грујевски и Никола Бошкоски се главните обвинети во главниот судски процес на Обвинителството, „Тврдина-Таргет“, за масовното незаконско прислушување.

Грујевски уште е обвинет и во предметот „Тврдина 2“ за незаконско палење на списи и документи на УБК, докази за масовно прислушување на граѓани, но и во предметот „Трезор“, заедно со Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ, за незаконска набавка на опрема за прислушување од Велика Британија.

Грујевски и Бошковски се во бегство од 26 јули 2017 година, кога требаше да бидат спроведени во притвор, но полицијата не ги најде дома. Кратко потоа двајцата беа уапсени на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, но во меѓувреме и двајцата добија азил во Грција. Токму тоа најверојатно е причината за денешното ослободување на Грујевски.

Информацијата дека Грујевски е приведен во Загреб ја објави Клан ТВ.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под...

Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред...

Ова се кандидатите кои би можеле да го наследат Покетино

Маурисио Покетино вечерва доби отказ од Челси. Двете страни се договориле...

Полска приведе девет лица осомничени дека се руски шпиони

Девет лица се уапсени во Полска под сомнение дека работеле за...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под покровителство на Македонската Таеквондо Федерација. На турнирот учествуваа повеќе од 300 учесници вклучувајки и натпреварувачи од 5 балкански држави. ТК Младост од Скопје за кој настапува Калина Стефкова учествуваше со 30 натпреварувачи во сите категории и...

Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска. Тажната вест ја потврдија од неговото семејство. Во пукањето, на кое му претходела тепачка, повредени се и две лица. Како што претходно соопшти МВР инцидентот бил пријавен доцна синоќа околу 23:40 часот. Во 23 часот...

Ова се кандидатите кои би можеле да го наследат Покетино

Маурисио Покетино вечерва доби отказ од Челси. Двете страни се договориле да го раскинат договорот, само една сезона по преземање на кормилото. Веќе се познати и неколку имиња за кои се шпекулира дека би можеле да бидат наследници на Аргентинецот. Некои од нив се очекувани, но има и...

Полска приведе девет лица осомничени дека се руски шпиони

Девет лица се уапсени во Полска под сомнение дека работеле за руските специјални служби и извршиле серија диверзантски дејствија во земјата. Ваквата информација за полските медиуми ја соопшти премиер Доналд Туск. – Деветмина осомничени се уапсени и обвинети за директно учество во саботажа на територијата на Полска по...

Владата ја одржа 22 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 22 седница, на која, како што информираат од владината прес-служба, биле донесени повеќе одлуки и заклучоци, меѓу кои за запишување студенти/питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 годинаи одлука за учество на Армијата во...

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси Нетанјаху

Норвешка е првата европска земја која објави дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него. Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде изјави дека Норвешка ќе мора да го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница, пренесе Ал Џезира. Ејде...

До 2050 година животниот век ќе се зголеми за 5 години

Очекуваниот животен век на луѓето ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година, објави научното списание „Лансет“. Кај мажите тоа ќе се зголеми од 71,1 на 76 години, а кај жените од 76,2 на 80,5 години. Најголем пораст се очекува во земјите каде што очекуваниот животен...

Мицотакис: „Ова не го кажувам со радост“ но ако не го почитуваат договорот нема ЕУ

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на говор во Лерин уште еднаш го повтори неговиот став дека доколку Скопје не го почитува Договорот од Преспа и настојува да го оспорува јадрото на тој договор не треба да се надева на продолжување на европскиот пат. Посочи дека „ова не...

Потврден триесетдневен притвор за Љупчо Палевски Палчо

Кривичниот суд во Скопје му го потврди триесетдневниот притвор на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Палевски за првпат беше изведен пред судија во претходна постапка по неговото пристигнување од Турција, од каде во средината на мај беше екстрадиран во Северна...

МЗТ на чекор од шампионската титула

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер. Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да...

Град, грмотевици, поројни дождови, силно невреме го зафати кумановско

Јужно од Скопје се наоѓа позначителна нестабилна облачна маса која се очекува да го зафати југоисточниот дел од Скопската котлина и во ова подрачје да има појава на невреме со интензивен пороен дожд, чести грмежи, силен ветер и можна појава на град, предупредија вечерва од Центарот за...

Николоски во МВР, Муцунски оди во МНР, Кочовска пак во финансии, Панче Тошковски оди во правда? – Телма ги открива новите министри

Дали тројца од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, се подготвуваат за министерски позиции? Во недостиг од официјални информации, додека новата влада се крчка заткулисно, неофицијално провејува дека таа во најголем дел е веќе составена: Александар Николоски е највисоко на листата за иден министер за внатрешни работи, Тимчо Муцунски за...