Се слави Рамазан Бајрам – празник на добрината, љубовта и милоста

Верниците од исламска вероисповед во земјава денеска го слават Рамазан-бајрам, еден од своите најголеми празници. Празникот се слави три дена и почнува токму по завршувањето на постите, со што се означува крајот на месецот Рамазан, во кој муслиманите постеа, односно не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце.

Месецот Рамазан трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен на архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваа од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнувал со изгрејсонце (суфур) и траел до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење беа дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.

Рамазан е еден од Петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвораат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови — милост, благодат и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии — духовна, морална, солидарна и здравствена.

Самиот ден кога се слави Бајрам започнува со Рамазан-Бајрамска молитва, потоа се оди на гробишта да се посетат гробовите на предците и блиските. Потоа се честита празникот прво на најстарите (им се целива рака), а потоа на останатите. Помладите секогаш одат кај постарите. За славењето на денот се приготвуваат и служат традиционалните бајрамски јадења (бајрамско месо, аландити и баклава).

За празникот се испраќаат пораки полни со солидарност и со изрази на морална помош. Овој ден е и повод да се истакне почит и сочувство кон муслиманите што трпат маки, што живеат во услови на војна и што се потчинети. Целта на Бајрамот е сите да се потсетат на сиромашните, на децата без родители и на осамените, но и да се најде начин да им се овозможи овој ден да го поминат достојно.Хуманоста е една од главните димензии што го отсликуваат празникот. Тоа, според толкувачите на исламот, е должност на секој муслиман за Бајрам.

По повод празникот честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реисул улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на светиот месец“.

-Во овие празнични денови на Бајрам, ќе му се заблагодариме на Возвишениот Алах за тоа што ни овозможи да го постиме Рамазан и за благодатите што ни ги подарил. Го молиме Возвишениот Алах да ни ги прифати сите добри дела и молитви што сме ги направиле за време на месецот Рамазан. Го молиме Возвишениот Алах да престанат сите вооружени конфликти во светот, да владее мир насекаде, бидејќи само во мир човештвото може да оди напред кон нови случувања, за доброто на сите луѓе, без разлика на раса, пол, вероисповед или етничка припадност. Браќа и сестри! Каде и да сте, дозволете ми, во име на Исламската верска заедница, нејзините органи, нејзините образовни институции и во мое лично име, да упатам искрени честитки, молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на месецот Рамазан. Нека вие е честит Фитр Бајрам, се истакнува во честитката на поглаварот на ИВЗ Фетаи.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кој сака да плати 80.000 евра за автомобил?

Речиси 40 отсто од купувачите на луксузни возила планираат да купат електричен автомобил во следната година. Клучните критериуми за купување електрично возило со батерии се безбедноста, удобноста и одржливоста, како и дигиталното искуство во автомобилот Оние кои имаат искуство со возење електричен автомобил се помалку загрижени за...

Неодамна стана милијардерка, а сега ја пренесува најтажната вест: Нејзината објава крши срца

Селена Гомез храбро откри дека не може да ги носи сопствените деца поради бројни здравствени проблеми Селена Гомез храбро излезе со изјава дека не може да има деца. 32-годишната пејачка и актерка и претходно беше отворена со фановите за нејзината здравствена состојба, но овој пат објави дека и...

Освоила речиси 100.000 евра, а потоа потрошила години враќајќи го долгот: Ги потрошила сите пари, но заборавила да го направи ова „Испаднав глупава“

Девојка која освои награда од 80.000 фунти (94.000 евра) во ТВ емисија, откри зошто нејзината победа била најлошата работа во нејзиниот живот финансиски, откако со години била принудена да ги отплаќа долговите. Индија Гантс победи на изданието на Следниот топ модел на Америка во 2017 година кога имаше...

Најскапиот подарок што Тито го доби од американскиот претседател: Вреди вистинско богатство, воопшто не е од оваа планета, а еве каде е сега

На страницата на Инстаграм „Патеки на српската историја“ има приказна за четири камења од Месечината, кои на Јосип Броз му ги подарил американскиот претседател Ричард Никсон во 1970 година, а овој подарок е најскап од сето она што Тито го добил за време на неговата долга владее. Четирите...

Имаше само 14 години кога ја заведе холивудски актер: Никој не можеше да го спречи од неговиот план, а потоа остана бремена…

Беше 1972 година кога актерката Мелани Грифит, номинирана за Оскар, првпат го фрли погледот на идниот сопруг и актерот Дон Џонсон, добитник на Златен глобус. Меѓутоа, бидејќи таа имаше само 14 години (Џонсон имаше 22), ќе поминаа неколку години пред двајцата да започнат нешто романтично. Всушност, за време...

„Рече само малку ќе те боли, врескав“: По 30 години манекенката проговори за злоставувањето што го доживеала и бременоста

Во последните неколку години, многу познати дами најдоа сила и зборуваа за најболните периоди од нивниот живот. Сите тие имале една заедничка болка, а тоа е што сите го преживеале искуството на сексуална злоупотреба. Една од нив е популарната манекенка Падма Лакшми, која во своите мемоари детално опиша...

„Јас и мојот сопруг се префрливме на слободна љубов по 2 години брак“: Не сакаат да бидат под притисок на моногамијата, еве како тоа...

Една жена која е во брак само две години вели дека ја отфрла идејата за традиционален брак да практикува слободна љубов со нејзиниот сопруг. Изабела Лима е 25-годишна инфлуенсерка со речиси 60.000 следбеници на Инстаграм, каде што споделува пикантерии за нејзината врска со нејзиниот партнер кој е...

Избегнувајте непријатни ситуации поради прекумерно потење: ослободете се од дамките и непријатните мириси под пазувите!

Веќе долго време се борите со прекумерното потење и често се наоѓате во некои ситуации кои би сакале да ги избегнете. Без разлика дали се работи за деловен состанок, собир на пријатели или семејство, состанок или некоја друга обврска, често се случува да сте затегнати и под...

Патничката била повредена во авионот, а сега од компанијата бара 170.000 долари

Жена која го скршила зглобот за време на несреќа со појасот додека била на лет за Бахамите, ја тужи JetBlue, барајќи отштета од 170.000 долари бидејќи компанијата не и обезбедила соодветна медицинска нега. Жителката на Лонг Ајленд, Марија Мистрета, летала со својот сопруг Салваторе на Бахамите на 23...

Во оваа медитеранска земја ручекот чини 4 евра, кафето 30 центи, а туристи речиси и да нема

Југоисточна Азија е синоним за евтини патувања, а Алжир заедно со Иран е можеби најевтината дестинација ако се земе предвид дека ручекот чини 3 до 4 евра, кафето 30 центи. Алжир е вистинското место за туристи кои бараат прифатливи места со многу капацитети, без премногу гужви. Така тврди патописецот...

Македонија ја потресе страшна вест: 15-годишно момче падна од катна гаража, починало на лице место

Голема трагедија доцна синоќа ги потресе скопјани. На улицата до катната гаража „Разловечко востание“ во центарот на Скопје, спроти Градскиот трговски центар (ГТЦ), синоќа било пронајдено безживотното тело на 15-годишно момче кое најверојатно паднало од катната гаража. Извори од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдија информацијата за Информа,...

ШОК детали: СВР Скопје го расчисти случајот со пожарот во Расадник

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ. Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на...