Осумгодишно девојче било вшмукано во одвод на базен, очајната мајка го тужи хотелот (ВИДЕО)

Полицијата во Хјустон, Тексас, ја истражува смртта на осумгодишното девојче чие тело било пронајдено во голема цевка во хотелски базен каде што таа пливала со семејството.

Институтот за форензички науки на округот Харис одлучиле дека смртта на Алија Јаико е случајно давење.

Велат дека таа починала од давење и механичка асфиксија, кога некој предмет или физичка сила ќе спречи некого да дише. Се чека извештај од обдукцијата.

Полицијата соопштила дека девојчето било пронајдено „во голема цевка во просторот на базенот“ и било прогласено за мртво на местото на настанот, пишува The Guardian.

Меѓутоа, нејзината мајка, Даниела Јаико, поднела тужба против хотелот, тврдејќи дека детето било вшмукано во необезбеден отвор во системот за проток на базенот широк од 30 до 40 сантиметри.

Нејзиното тело подоцна било пронајдено на околу 6 метри длабоко во цевката.

„Тие мораа да го скршат бетонот за да ја извлечат, да ја исечат цевката, тоа беше апсолутно ужасно“, рече Ричард Нава, адвокатот на нејзината мајка, на прес-конференција.

Семејството на девојчето го тужи хотелот за повеќе од 1 милион долари додека полицијата го истражува случајот.

Адвокатот на семејството изјави дека мајката на Даниела го вклучила алармот околу 14 часот и 50 минути веднаш штом сфатила дека нејзината ќерка ја нема.

По избезумената потрага, таа побарала од персоналот на хотелот да ги види снимките од надзорните камери, но раководството „го одбило нејзиното барање и објаснило дека полицијата ќе мора да биде присутна за да го види видеото од надзорот“, се вели во извештајот.

Мајката повикала полиција која го прегледала видеото. Снимката покажала дека девојчето исчезнало под вода и никогаш не излегло на површина.

Базенот бил исцеден и нејзиното тело било пронајдено „заглавено во цевките на неисправната опрема за базен“ во 23.30 часот.

Полицијата во Хјустон соопштила дека детективите „ги чекаат резултатите од обдукцијата за очигледното давење на дете“.

„Истрагата продолжува“, додаде портпаролот.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Османи ја покани Силјановска Давкова на ТВ дуел

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт – Бујар Османи инсистира на...

Пендаровски од Куманово: Овие пет години не зборуваме за меѓуетнички тензии

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа одржа граѓански митинг во Куманово. Пред...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Османи ја покани Силјановска Давкова на ТВ дуел

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт – Бујар Османи инсистира на медиумски „дуел“ со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. Од неговиот изборен штаб велат „со цел да ги презентираат нивните понуди и отворено да зборуваат пред граѓаните за тоа кој каква визија има за Северна Македонија, веќе...

НЕ Е ДОБРО: Се шири пожарот на Шара – потенцијална опасност и за селото Селце

Пожарот на село Селце не е локализиран. Напротив, тој е проширен, информираат од Јавната установа Национален парк „Шар планина“. Од утрово на терен се девет ренџери, тетовските пожарникари, а во гаснењето на пламените јазли помага и локалното население. И денеска се очекува помош за гаснење од воздух, иако вчера...

Убијците воопшто немаат каење: 20 дена трае потрагата по Данка – тие не откриваат каде е телото

Исчезнувањето на Данка Илиќ било пријавено на 26-ти март, а девет дена подоцна работниците на „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот и Срѓан Јанковиќ (50) од село беа уапсени. Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор. Полицијата го пребарува теренот од селото...

Пендаровски од Куманово: Овие пет години не зборуваме за меѓуетнички тензии

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа одржа граѓански митинг во Куманово. Пред граѓаните, Пендаровски ја претстави својата програма за новиот петгодишен мандат и истовремено потсети на сработеното во првиот свој мандат како претседател на државата. „Во изминативе пет, односно седум, седум и пол години зборувам и за парламентарната власт,...

Во потрагата по Данка полицијата пребарува депонии и резервоари со вода

Потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор продолжува, полицијата и жандармеријата го пребаруваат просторот од село Злот до село Шумраковац каде има неколку депонии и резервоари со вода. Еден од осомничените за убиството на сослушувањето признал дека го преместил телото, што ја отежнува работата на полицијата. Припадниците...

Пендаровски: На Мицкоски најголем страв му е Груевски случајно да не се врати назад

На вчерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните денови ги засилува нападите и заканите кон него, тој одговори дека за тоа постојат две причини. „Прво, тоа се таков тип на луѓе, 11 години владееја со насилство....

Голема трагедија ги промени плановите: Одложени денешниот и утрешниот митинг на Коалицијата Вреди

Митингот на Коалицијата Влен (Вреди) што требаше да се одржи вечерва во Гостивар во 20:30 часот е одложен. И утре нема да има активности на претседателскиот кандидат од оваа коалиција, Арбен Таравари. Како што информираат од Изборниот штаб на Коалицијата Влен (Вреди), одложувањето е поради тоа што денеска...

ФОТО СПОРЕДБА: Пендаровски во Куманово собра двојно повеќе народ од Силјановска Давкова

Вечерва во Куманово на голем народен митинг СДСМ собра двојно повеќе народ од митингот на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ од пред неколку дена и ја покажаа силата и борбеноста на Кумановци да се освои европската иднина. Од масовниот митинг се гледа дека Куманово е подготвено да се...

Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашње од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните денови ги засилува нападите и заканите кон него, тој одговори дека за тоа постојат две причини. „Прво, тоа се таков тип на луѓе, 11 години владееја со насилство....

ВИДЕО: Прекин во Серија А, играч доживеа срцев удар и сите се молат за него

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома не го доживеа крајот во рамки на 32. коло од Серија А, поради немил настан кај еден од играчите на „волчицата“. Средбата е прекината при резултат 1-1, затоа што стоперот на Рома, Един Ндика, почувствува болка во градите и се сруши на терен....

Сабота полна семејно насилство: Син нападнал мајка, тројца мажи сопругите

Во полицискиот билтен денеска се регистрирани четири случаи на семејно насилство низ Македонија. Прво вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од Скопје пријавила дека претходната вечер околу 23.00 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Д.. Во 16.00 часот, пак, исто...

Се освестија ли конечно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: И двете партии гласно кажаа НЕ за овој услов на ДУИ, по никоја цена

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија условот на ДУИ да ги добија гласовите за својот претседателски кандидат во вториот круг, како замена за новиот избор на шефот на државата да биде биран во Собранието по Бадентеров принцип. – Претседателот на државата во иднина да се избира во...