МНОГУ НОВИТЕТИ: СДСМ ги најави 10-те столбови на кои ќе се темели новата изборна програма

Ова е планот на СДСМ за европска иднина на Македонија!

На денешниот 28 Конгрес на СДСМ ги презентира основните постулати на нашата победничка изборна програма:

1️⃣ ЕВРОПСКИ ПЛАТИ И ЖИВОТЕН СТАНДАРД!

Во наредните четири години просечната плата ќе достигне 1.100 евра, а минималната плата 600 евра.

2️⃣ ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ!

Во 2028 год. минималната пензија ќе биде 20.000 ден., а просечната 30.000 ден. Од оваа година ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер.

3️⃣ ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ!

По 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.

4️⃣ СИЛНА ДОМАШНА ЕКОНОМИЈА!

180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.

5️⃣ МОДЕРНА ЕВРОПСКА ИНФРАСТРУКТУРА!

Ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 км изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 км патишта.

6️⃣ ЕВРОПСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО!

Субвенции и поддршка за земјоделците од 750 милиони евра! До 2028 год. проектираме Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!

7️⃣ ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ!

Гарантираме безбедност и сигурност за учениците. Бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина!

8️⃣ ЧИСТА ЕНЕРГИЈА И ПОЕВТИНА СТРУЈА!

Зголемување на домашното производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 год.
Енергетска независност со која ќе ги задоволуваме 100% од сопствените потреби. Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата.

9️⃣ ПОВЕЌЕ ЕУ ФОНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА!

Со отворање на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија.
Повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, реновирање јавни објекти, модернизирање на училишта. Повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ.

1️⃣0️⃣ ЗАЕДНО ВО ЕВРОПА!

Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година.

Нема откажување од иднината!

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

НАЈНОВО: Вработен во ЕВН нападнат во Сарај

На 16.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино,...

Кај 73-годишен дедо од Крушево пронајдени пиштол и дрога

Полицијата уапси 73-годишен дедо кај кога биле пронајдени пиштол и дрога....

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

НАЈНОВО: Вработен во ЕВН нападнат во Сарај

На 16.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кривична за охриѓанец: Се обидeл да удри полицајци на должност и побегнал, а подоцна предизвикал сообраќајка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(24) од Охрид. Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. Имено на 14.04.2024 на магистралниот пат Охрид – Кичево, пријавениот со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени...

Кај 73-годишен дедо од Крушево пронајдени пиштол и дрога

Полицијата уапси 73-годишен дедо кај кога биле пронајдени пиштол и дрога. - На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода В.Ц.(73) од Крушево. При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол,...

Министерката Костадиновска Стојчевска најави тужба за клевета против градоначалничката Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе добие кривична пријава за клевета најави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Причина за тоа се „инсинуациите и небулозите дека знаела за пожарот, но не пријавила веднаш“, но и за другите работи за кои беше обвинета од Арсовска. Таа додаде дека...

Се симнала од автобус 23-ка и ѝ се губи секаква трага: Мистериозно исчезна 34 годишната Ана – регионот на нозе

Ана Личник (34) од Белград исчезнала во неделата на 24 март. Таа патувала со јавен превоз, а по симнувањето од автобусот број 23 ѝ се губи секаква трага. Меѓутоа, во автобусот ја заборавила чантата во која имало ливче со телефонскиот број на поранешниот сопруг на Ана. – Последен пат...

Се е бело: Голема количина на снег има во одредени делови од Балканот – еве каква е ситуацијата

Снег падна во некои делови на Балканот Како што најавија метеоролозите, температурите по вистинските летни се враќаат на нивото на оние од зимскиот период. Денеска ќе биде облачно и многу постудено со врнежи од дожд. Во ридско-планинските предели претпладне понекаде во пониските предели ќе врне и снег. Врнежите ќе...

Вечерва нема да се спие: Израел уби командант на Хезболах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во бомбардирање на јужен Либан убиле тројца членови на милитантната група Хезболах, од кои еден бил командантот Исмаил Баз. Хезболах соопшти дека жали за смртта на Баз, но не даде повеќе детали, додека ИДФ соопшти дека тој бил командант на крајбрежниот сектор на групата...

Владата го задолжи МВР да достави комплетна информација за случајот со новинарот Фуркан Салиу

Владата, на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери, го задолжи Министерството за внатрешни работи, да достави комплетна информација по однос на случувањата на настанот поврзан со новинарот Фуркан Салиу, согласно барањето од Советот на Европа за давање одговор околу овој случај, соопшти владината прес-служба. МВР на 11 април...

Владата донесе конечна одлука: ЕВН Македонија ќе биде универзален снабдувач – еве што значи тоа

Владата, согласно Законот за енергетика, ја донесе и Одлуката за избор на универзален снабдувач. За најповолна понуда за избор на универзален снабдувач, во соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје – носител и ЕВН Македонија АД Скопје – член на...

(ВИДЕО) Балканот во ШОК: Големо невреме во овие ТРИ држави – познато е кога ќе дојде во Македонија

Како што може да се види на страницата на Инстаграм „Хаилз Србија“, бурниот ветар крева прашина и ретко што може да се види на патот. Силно невреме, од Хрватска и од Словенија, попладнето околу 15 часот пристигна и во Србија, објави српски Мондо. Засега врне поретко, а невремето...

ХОРОР: 26-годишник се обидел да силува 68-годишна жена

Полицијата во Македонска Каменица го провела А.В. (26) од село во општината, откако било пријавено дека на 14 април се обидел да изврши обљуба врз 68-годишна жена од друго село во Македонска Каменица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Избори се, се ветува се и сешто: Таравари ќе ги плаќа каматите од брзите кредити – ако дојде на власт

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска ја посети Струга, каде разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до граѓаните.Тој изрази загриженост за коцкањето и штетните практики на банките. „Денеска имавме посета на градот Струга и населените места во Струга. Средбата ја започнав со моите колеги, лекари...