Претставници од подмладокот на ЛДП, деновиве беа дел од 9-тата Национална конференција на Младежко ДПС во Софија. За ова информираа самите тие преку социјалните канали на партијата:
-На одржувањето на деветатта (9) Национална конференција на Младежко ДПС (Бугарија) под слоганот „Силата е во нас“ во присуство на сите работни тела и делегати на партијата, претставници од интернационалните партнери, за претседатели беа избрани Танзер Јусеинов и Ибрахим Зајденов.
Предводник на делегацијата од ЛИДЕМ беше претседателката Јелена Мишиќ која во својот говор истакна дека е императив да си го признаеме длабокото значење на нашата соработка која трае подолго од две децении. Да не бидеме задоволни со статус кво, да се стремиме кон повеќе, затоа што во соработката наоѓаме сила, а во единството одржливост!
Взаемната соработка и партнерство од минатото, денес преточено во насока која води кон прогресно либерално и демократско општество, продолжуваме да го градиме врз темелите на нашите визии, мисии и цели бидејќи